Две дупнувања на гума уште во почетокот на рутата во должина од 465 километри, со почеток и завршеток во Неом, доведоа Ал Атија и Баумел да продолжат со повнимателно темпо, жртвувајќи 12 минути зад лидерот на релито и завршувајќи го брзинецот со второ најдобро време.
Неколку дупнувања на гума го попречија напредувањето и на Ги де Вилиер и Алекс Харо, поради што тие загубија дополнителни 12:19 минути зад лидерите. Иако го извозеа третото најдобро време на брзинецот, овој тим во фабричкиот Toyota Hilux останува на деветтото место во вкупен пласман, по исклучително тешката делница со многу карпи.
Шамир Варијава и Денис Марфи имаа само едно допнување гума на деветтата етапа, но загубија 32:35 минути зад лидерот, поради проблеми со навигацијата. Тие напредуваа на 24-то место во вкупен пласман по неколку добро извозени етапи. Третиот фабрички тим на Toyota ќе се бори да ја подобри својата навигација во 10-та етапа, којашто вклучува временска делница во должина од 342 километри меѓу Неом и спектакуларните камени формации во Ал Ула.
Глин Хол, директор на тимот: „Доколку се гледаат резултатите во целина, ние сме 18 минути зад Стефан Петерхансел. Не сакам да зависам од нечија незгода за да победам на трка. Сакам нашиот тим да биде најбрз. Но, доколку ја гледам целата трка. Ние имавме 48 дупнувања на гума на трите автомобили што останаа во релито. Тоа едноставно е премногу и ни претставува голема пречка. Тоа значи дека ние навистина не можеме да следиме стратегија. Не можеме да планираме ништо за тимот. Како резултат, дури и Насер заостана многу денес. Деветтата етапа беше етапа што навистина му беше потребна за да добие време. Место тоа, тој имаше две дупнувања на гума. Тој кажа дека ништо не погодил по пат и при проверката пронајдовме само мали дупки во гумите. Тоа не се расекотини какви што се случуваат доколку се излезе од патеката. Навистина е тешко да притискаме за победа, кога се соочуваме со вакви предизвици во вид на 48 дупнувања на гума.“
Резултати од 9-та етапа на 2021 Дакар Рели:
2-то место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +12min 00sec
3-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +12min 19sec
18-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +32min 35sec
Вкупни резултати на 2021 Дакар Рели по 9 етапи:
2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +17min 50sec
9-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +3hr 40min 09sec
24-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +7hr 55min 25sec