за

Петта етапна победа на Toyota Gazoo на Дакар

Насер Ал Атија и навигаторот Матје Баумел ја отворија етапата и извозеа до уште една етапна победа со Toyota Hilux на Дакар.

Петта етапна победа на Toyota Gazoo на Дакар

Водечкиот тим на Toyota Gazoo Racing на моменти заостануваше зад ривалите, но потоа се впушти во максимално темпо, за на крајот разликата до лидерот Петерхансел да се скуси на помалку од пет минути.

Маратонската етапа меѓу 7-от и 8-от брзинец, во должина од 828 километри по разновиден терен, вклучувајќи делници по песок и карпести гребени, мина релативно добро за тимовите на Toyota Gazoo Racing. Насер ја скуси разликата со лидерот Петерхалсел во Mini и се надева на четврта победа на Дакар во генерален пласман, односно втора победа во тимот на Toyota.

Уште една серија од четири дупнувања на гума ги остави Ги де Вилиер и Алекс Харо без надежи за постигнување конкурентно време. Тие ја завршија осмата етапа 19-ти и сега се на деветто место во генерален пласман. Тимот досега имаше 18 дупнувања на гума, остануваат уште четири етапи за возење.

Осмата етапа им донесе уште едно чисто возење на Шамир Варијава и Денис Марфи, кои временската секција ја минаа без дефект на гума и првпат се пласираа меѓу Топ 10 во трката. Тие го имаа седмото најдобро време на брзинецот и напредуваа на 28-то место во генерален пласман, откако извозеа неколку добри брзинци. Третиот тим на Toyota Gazoo Racing очекува да го повтори успехот на 9-от брзинец, кој е посебно техничка етапа во должина од 456 километри, со појдовна точка и цел во Неом.

Глин Хол, директор на тимот: „Осмиот брзинец ни донесе уште еден успех, со Насер и Матје како победници, кои воедно ја скусија и разликата со водечкиот Стефан Петерхансел. Тие уште се во жестока трка, со четирите брзинци што преостануваат. Шамир и Денис имаа одличен ден и нé радува нивното 7-мо најдобро време. Ги и Алекс не само што имаа четири дупнувања на гума, туку и загубија време на крајот на брзинецот, поради проблеми со навигацијата. Тие сепак имаа добро темпо и среќен сум што сите три возила безбедно ја минаа мератонската етапа.“

Резултати на 8-та етапа на 2021 Дакар Рели:

1-во место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, 2hr 56min 56sec

7-мо место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +18min 51sec

19-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +30min 17sec

Резултати по 8-та етапа на 2021 Дакар Рели:

2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +4min 50sec

9-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +3hr 26min 50sec

28-мо место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +7hr 21min 50sec

>>> Toyota Gazoo претпазливо низ маратонската етапа на Дакар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda Octavia номинирана за Европски автомобил за 2021 година

Škoda Octavia номинирана за Европски автомобил за 2021 година

Audi ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата

Audi ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата