за

Škoda Octavia номинирана за Европски автомобил за 2021 година

Четвртата генерација на бестселерот на Škoda е меѓу седумте финалисти за титулата за 2021 година.

Škoda Octavia номинирана за Европски автомобил за 2021 година

Шеесет автомобилско новинари од 23 држави во Европа ќе го избираат најдобриот автомобил за 2021 година. Најверодостојното одликување за автомобил во европски рамки се доделува уште од 1964 година.

Новата Škoda Octavia е на добар пат да освои уште една титула во интернационални рамки. Четвртата генерација на бестселерот на Škoda е во потесен избор за овогодишното издание на реномираната награда „Car of the Year“. Чешката лимузина и комби се квалификуваше за финалето од вкупно 29 модели што имале деби на интернационалните пазари во последните 12 месеци.

Седумте модели во финалето ќе бидат оценувани од инернационално експертско жири со 60 автомобилски новинари од 23 европски држави. Изборот се одржува уште од 1964 година. Носителот на титулата „Car of the Year 2021“ ќе биде познат на 1-ви март. Уште во последното тромесечје од минатата година, Octavia освои бројни награди на важните извозни пазари, во Велика Британија, Австрија, Германија и Швајцарија.

Организатори на изборот се девет автомобилски магазини од девет европски држави. За изборот се квалифицираат модели што во последните 12 месеци почнале со продажба на најмалку 5 пазари во Европа. Секоја година, од вкупниот број на нови модели се избираат седум финалисти.

Škoda Octavia вторпат доспева во потесниот избор за европски автомобил, откако претходната генерација се најде во финалето во 2014 година. Бројот на членови од секоја држава се одредува според големината на пазарот. По седум членови имаат Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија.

Списокот на 29-те нови модели годинава и 7-те финалисти

(моделите што продолжуваат во финалето се наведени со задебелени букви)

1. Audi A3

2. BMW 2 Gran Coupé

3. BMW 4-series

4. Citroën C4

5. Cupra Formentor

6. Dacia Sandero

7. Fiat New 500

8. Ford Explorer

9. Ford Kuga

10. Honda e

11. Honda Jazz

12. Hyundai i10

13. Hyundai i20

14. Hyundai Tucson

15. Kia Sorento

16. Land Rover Defender

17. Mazda MX-30

18. Mercedes-Benz GLA

19. Mercedes-Benz GLB

20. Mercedes-Benz GLS

21. Mercedes-Benz S-Class

22. Peugeot 2008

23. Polestar 2

24. Seat Leon

25. Škoda Octavia

26. Toyota Mirai

27. Toyota Yaris

28. Volkswagen Golf

29. Volkswagen ID.3

Наградите што досега ги освои Škoda Octavia во националните избори за автомобил на годината:

Велика Британија

  • Car of the Year (Auto Express)
  • Compact Family Car (Auto Express New Car Awards)
  • Estate Car (Auto Express New Car Awards)

Австрија

  • Средна класа, со цена меѓу 20.001 и 50.000 евра (Големата автомобилска награда на Австрија)

Германија

  • Auto Trophy 2020 – Најпопуларен увозен модел во компакт класа (Auto Zeitung)
  • Auto Trophy 2020 – Најдобар спортски модел од компакт класа, увозни марки (за Octavia RS, Auto Zeitung)
  • Најдобар автомобил со погон на сите тркала до 40.000 евра, за 2021 година (Auto Bild Allrad)
  • Најдобар дизајн, избор за најдобар семеен автомобил на годината, до 25.000 евра (Auto

Швајцарија

  • Омилен автомобил на Швајцарците за 2021 година (онлајн избор)

>>> Седуминутна снимка од производството на Škoda Octavia

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel-Mokka-e

Купувачите бараат Mokka-e, Opel не може да произведе

Петта етапна победа на Toyota Gazoo на Дакар

Петта етапна победа на Toyota Gazoo на Дакар