за

Седуминутна снимка од производството на Škoda Octavia

Вреден видео-материјал од монтажата на Škoda Octavia во фабриката во Млада Болеслав. Бестселерот се произведува таму повеќе од 20 години.

Седуминутна снимка од производството на Škoda Octavia

Škoda Auto објави видео од повеќе клучни позиции во производството на новата Škoda Octavia. Четвртата генерација на бестселерот на чешката марка се произведува на најсовремена производствена лента во седиштето на марката во Млада Болеслав. Тоа е единствен погон во целата групација Volkswagen, каде што возила врз електричната платформа MEB се произведуваат заедно со модели врз платформата со обичен погон MQB.

Секој ден, Škoda Auto изработува по 1.150 примероци од својот бестселер Octavia во фабриката во Млада Болеслав. Неодамна беа извршени крупни преправки во монтажната линија. Целта беше истата да се подготви за производство на 350 примероци од електричниот СУВ-модел Enyaq iV, заедно со Octavia.

На тој начин, чешкиот производител ќе може брзо да одговори на промените во пазарната побарувачка. Голем нагласок се става на примената на врвни роботи. Тие се користат за работни задачи што се премногу физички напорни за работната сила и воедно придонесуваат за работните станици да се изведат ергономски.

Млада Болеслав е единствена фабрика во групацијата, во којашто на иста лента се изработуваат модели со обичен погон врз платформата MQB и модели со електричен погон врз платформата MEB. Во приспособувањето на производствените погони беа вложени над 800 милиони чешки круни, односно 32 милиони евра.

До денес во главната фабрика на Škoda се произведени повеќе од 7,1 милиони примероци од Octavia. Моделото име датура уште од 1959 година. Новата генерација на моделот во средината на 1990-те беше прв автомобил на Škoda, развиен целосно во рамките на Volkswagen, по нејзиното пристапување во групацијата.

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW вложува 400 мио. € во фабрика за електрични возила во Минхен

BMW вложува 400 мио. € во фабрика за електрични возила во Минхен

Toyota Yaris освои награда за безбедност од Autobest

Toyota Yaris освои награда за безбедност од Autobest