за

Toyota Yaris освои награда за безбедност од Autobest

Autobest ја награди Toyota со титулата Safetybest 2020 за развојот и вградувањето на средишни воздушни перници во новиот Yaris, првпат во европскиот Б-сегмент.

Toyota Yaris освои награда за безбедност од Autobest

Жирито на Autobest составено од 31 членови од европски автомобилски медиуми ѝ додели признание на Toyota за вградувањето на напредното безбедносно решение во еден од своите најмали автомобили, во новиот Yaris, придонесувајќи на тој начин за демократизација на водечката безбедносна технологија.

Новиот Yaris се базира врз новата платформа GA-B и конструиран е и развиен со последните безбедносни мерки, вклучувајќи мошне цврста и крута каросерија за патниците да се заштитат максимално. Тоа е прва Toyota што е опремена со средишни воздушни перници. Вградени стандардно, тие се активираат во случај на страничен судир, со цел за дополнително да ги заштитат возачот и совозачот од меѓусебно удирање на нивните тела.

Toyota Yaris од новата генерација исто така е опремен со најновиот Toyota Safety Sense. Тој е воедно прв модел на Toyota што ја користи најнапредната варијанта на системот. Клучната функција му припаѓа на системот што самостојно го запира возилото во случај на опасност од удар во друго возило, пешак или велосипедист. Дел од системот се предупредувањето при прегазување лента и радарскиот темпомат, кој доаѓа и со систем за задржување во лента.

Toyota вторпат освојува награда Safetybest. Тоа претходно се случи во 2017 година, со вградувањето на Toyota Safety Sense во целата моделска понуда.

Новиот Yaris е воедно и на списокот на филанисти за AUTOBEST 2021 – титула за автомобил со најдобра противвредност во Европа.

>>> Новата Toyota Yaris веќе ја пишува 2021 година

toyota yaris 2021 салон скопје
toyota yaris 2021 салон скопје

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Седуминутна снимка од производството на Škoda Octavia

Седуминутна снимка од производството на Škoda Octavia

KIA telluride amerika

Kia Telluride е хит во САД, вторпат во Топ 10 на Car&Driver