за

Mercedes-AMG ќе вози на 24 часа Дубаи во престојниот викенд

Mercedes-AMG ја започнува сезоната на трки со голем настан: Трките во рамките на 24 часа Дубаи се возат меѓу 14-ти и 16-ти јануари.

Mercedes-AMG ќе вози на 24 часа Дубаи во престојниот викенд

На 16-то издание на 24-часовниот маратон на Дубаи Аутодром (од 14-ти до 16-ти јануари) Mercedes-AMG ќе цели да ја постигне шестата победа во метрополата во пустината. Со повторувањето на успехот од лани, AMG ќе стане рекордер меѓу производителите.

За ништо да не се препушти на случајот и да се искористи историската шанса, Haupt Racing Team ги ангажира своите најискусни возачи. Трикратниот победник во Дубаи и сопственик на тимот, Хуберт Хаупт, ќе се менува зад воланот на Mercedes-AMG GT3 #4 од HRT Bilstein со Калед Ал Кубаиси (ОАЕ), Патрик Асенхајмер (ГЕР), Маро Енген (ГЕР) и Рајан Ретклиф (ГБР).

Под стартниот број #5 ќе учествува и втор Mercedes-AMG GT3 во класата GT3-AM. Калед ал Кубаиси и Патрик Асенхајмер, во овој болид ќе имаат помош од Нико Бастијан (ГЕР), Валентин Пирбург (ГЕР) и Флоријан Шолце (ГЕР). Како втор тим во класата GT3-PRO ќе учествува францускиот тим Racetivity со возачите Емануел Колар, Франсоа Перодо, Чарлс-Хенри Самани и Метју Ваксивир (сите од Франција) зад воланот на #83.

Во трка за пиедесталот учествуваат и два приватни тимови во класата GT3-AM. Тимот MP Motorsport во болидот со стартен број #19 ги ангажира ланските победници во класата: Берт де Хој, Дануел де Јонг, Хенк де Јонг и Јаап ван Лаген (сите од Холандија).

Тимот CP Racing (#85) во оваа класа настапува како бранител на титулата во првенството во 24H SERIES. Станува збор за интернационална серија од маратонски трки, што започнува со трката во Дубаи. Во конкуренција од 60 возила влегуваат и два Mercedes-AMG GT4 на тимовите Comet Racing (#458) и Dragon Racing (#488).

Трката стартува во петок, на 15-ти јануари, во 12 часот по македонско време.

Mercedes-AMG GT3 и GT4 на 24 часа Дубаи:

Бр.

Класа

Возило Тим Возач
4

GT3-PRO

Mercedes-AMG GT3 HRT Bilstein Khaled Al Qubaisi (UAE), Patrick Assenheimer (GER), Maro Engel (GER), Hubert Haupt (GER), Ryan Ratcliffe (GBR)
5

GT3

Mercedes-AMG GT3 Haupt Racing Team Khaled Al Qubaisi (UAE), Patrick Assenheimer (GER), Nico Bastian (GER), Valentin Pierburg (GER), Florian Scholze (GER)
19

GT3-AM

Mercedes-AMG GT3 MP Motorsport Bert de Heus (NED), Daniel de Jong (NED), Henk de Jong (NED), Jaap van Lagen (NED)
83

GT3-PRO

Mercedes-AMG GT3 Racetivity Emmanuel Collard (FRA), François Perrodo (FRA), Charles-Henri Samani (FRA), Matthieu Vaxiviere (FRA)
85

GT3-AM

Mercedes-AMG GT3 CP Racing Charles Espenlaub (USA), Joe Foster (USA), Shane Lewis (USA), Charles Putman (USA)
458

GT4

Mercedes-AMG GT4 Comet Racing Kei Cozzolino (ITA), Masaaki Fujii (JPN), Kazuhiro Sakai (JPN), Yorikatsu Tsujiko (JPN), Yusuke Yamasaki (JPN)
488

GT4

Mercedes-AMG GT4 Dragon Racing Adam Christodoulou (GBR), Ollie Hancock (GBR), John Hartshorne (GBR), Denis Remenyako (RUS)

>>> Луис Хамилтон во кампања „After Work“ за Mercedes-AMG

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/post.php on line 1022

Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/plugins/media-ace.php on line 128

Комбињата на Ford се „јавуваат“ при обид за кражба

Проблеми со гумите го зголемија заостатокот на Toyota Gazoo на Дакар

Проблеми со гумите го зголемија заостатокот на Toyota Gazoo на Дакар