за

Комбињата на Ford се „јавуваат“ при обид за кражба

Посебен режим Guard ги надгледува возилата на Ford во реално време и нуди дополнителна заштита преку испраќање аларм до телефонот на возачот.

Ford уште лани најави дека повеќето од неговите доставни модели фабрички ќе ги опремува со сопствениот модем FordPass Connect и со соодветна апликација FordPass Pro. Целта е да се зголемат продуктивностса и комфорот на компаниите што располагаат со возен парк.

Меѓу функциите што се достапни преку апликацијата FordPass Pro се вбројува и т.н. модус Guard. Станува збор за дополнителна заштита од кражба на возилото (за автомобили и товарни возила) и товарот или багажот, како и од неовластено користење. Во случај на обид за кражба или провала пристига информација до мобилниот телефон на возачот.

Новата функција е прва што се вчитува по пат на Over-the-Air-Updates (OTA). Тоа значи дека функцијата е достапна без потреба да се посетува дилер или сервис. Модусот Guard е дел од апликацијата FordPass Pro, што е наменета посебно за компании со возен парк од најмногу пет возила на Ford. Апликацијата за поголеми возни паркови ќе биде достапна најдоцна до јуни (преку Ford Telematics и Ford Data Services).

Како дејствува режимот Guard

Откако ќе се активира, на пример навечер или за викенд, режимот се поврзува со бројни сензори во возилото. Системот препознава ако некој се обиде да провали во возилото, да ја отвори хаубата или товарниот простор / багажникот. Во тој случај, сопствениот модем FordPass Connect во возилото испраќа пуш-порака до телефонот на којшто е инсталирана апликацијата FordPass Pro со режим Guard.

Возачот или менаџерот на возниот парк може да добива порака и кога возилото ќе се отклучи. Тоа е функција што не е достапна кај обичните аларми за возила. Режимот Guart ги запишува времињата во коишто е пристапено до возилата, како и причината за алармот. Корисникот може на телефонот да ја провери последната местоположба на возилото. Guard е надополнување на сличната функција што активира аларм кога ќе се откачи приколка, додека возилото е заклучено.

>>> Ford Fiesta најпродаван модел лани во Велика Британија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sorento со награда за СУВ на годината од What Car

Kia Sorento со награда за СУВ на годината од What Car

Mercedes-AMG ќе вози на 24 часа Дубаи во престојниот викенд

Mercedes-AMG ќе вози на 24 часа Дубаи во престојниот викенд