за

Луис Хамилтон во кампања „After Work“ за Mercedes-AMG

Што работи седумкратниот првак во Ф1 по успешна сезона? Јасно, тој останува верен на технологијата од Формула 1 и седнува во прототип на хиперавтомобилот Mercedes-AMG Project ONE.

Луис Хамилтон во кампања „After Work“ за Mercedes-AMG

Луис Хамилтон во новата маркетинг кампања насловена „After work“ го тестира хиперавтомобилот на AMG. Советите од шампионот во кралската класа во мотоспортот се особено вредни во завршниот степен од развојот на Project One.

Mercedes-AMG в година ќе почне да вози на струја. Суперспортскиот двосед првпат ќе ја пренесе најсовремената и најефикасна технологија од Формула 1 во речиси непроменета форма во автомобил што е наменет за редовен сообраќај.

Во исто време ќе се развиваат и други модели со електричен погон, а ќе се воведе и технолошката подмарка на AMG со име E Performance. Новата маркетиншка кампања „After work“ на Mercedes-AMG, стартува на јутјуб, на друштвените мрежи и на најголемите тв-канали.

„Уште не можам да поверувам, дека наскоро ќе има хиперавтомобил со мотор од формула 1. Со тој мотор го освоивме светското првенство во 2015 година, а јас долго учествував во неговиот развој. При снимањето на актуелната кампања можев да го испробам Project ONE и горд сум на исклучителниот труд што Mercedes-AMG ја вложи во овој проект. Овој автомобил е апсолутно единствен”, изјави Луис Хамилтон за време на снимањето со маскираниот прототип на Mercedes-AMG Project ONE.

Црвената боја што од прототипот ќе има клучна улога во новата марка Mercedes-AMG E Performance

Развојот на Project ONE се одвива во паралелна соработка меѓу експертите од формула 1 на Mercedes-AMG во англискиот Бриксворт и Ф1-тимот Mercedes-AMG Petronas во Бракли. Хибридниот погон со два електромотори назад и погонот со два електромотори на предната оска ќе понудат фасцинирачки спој меѓу перформанси и ефикасност. Со моќност од преку 1.000 КС и крајна брзина над 350 km/h, овој автомобил ќе вози исто како што изгледа.

Моторот V6 од 1,6-литар со електричен турбо-компресор потекнува од тркачките болиди на Mercedes-AMG Petronas и качува до 11.000 вртежи во минута. Повеќе од тоа не може, затоа што моторот сепак нема да користи „тркачко“ гориво, туку стандарден супер бензин. Подвозјето и напредната аеродинамичност исто така потекнуваат од формула 1.

>>> Хиперавтомобилот на Mercedes-AMG наскоро во производство

Mercedes-AMG Project One pateka

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Директорка на Kia America меѓу 100 највлијателни дами

Директорка на Kia America меѓу 100 највлијателни дами

Како дволитарскиот TDI на Volkswagen од EA 288 стана EA 288 evo

Како дволитарскиот TDI на Volkswagen од EA 288 стана EA 288 evo