за

Директорка на Kia America меѓу 100 највлијателни дами

Дамата со 36-годишно искуство во автомобилската бранша носи голема заслуга за имиџот за квалитет што возилата на Kia го уживаат на пазарот во САД.

Директорка на Kia America меѓу 100 највлијателни дами

Џули Корс, извршна директорка за квалитет на Kia Motors America, именувана е меѓу 100-те водечки дами во автомобилската индустрија во САД за 2020 година, според индустриското гласило Automotive News. Листата се составува на секои пет години од страна на уредниците и репортерите на Automotive News. Истата ги именува најталентираните и највлијателни дами од различни дисциплини, кои имаат силно влијание врз автомобилската индустрија. Корс вторпат е на оваа престижна листа.

„Ова големо постигнување е заслужено, но тоа не нé изненадува,“ изјави Шон Јун, претседател на Kia Motors во Северна Америка. „Џули е клучен играч во исклучителната успешна приказна на Kia и заслужна е за највисоките признанија за квалитет и издржливост што ги освоија возилата од нашата марка. Горди сме и благодарни сме за талентот и лидерството што секојдевно ги внесува во тимот на Kia.

Одушевеноста на Џули од автомобилите влече корени уште од детството, додека таа работела во гаражата заедно со својот татко, кој е инженер. По завршувањето на колеџот, таа се вработила во автомобилската индустрија како инженер. Во 2009 година, госпоѓа Корс се вработува во Kia и придонесува марката да прерасне во лидер во браншата во поглед на квалитетот и изработката.

Џули има голема заслуга за усовршувањето на имиџот на Kia на пазарот во САД. Од компанијата ѝ признаваат на дамата дека нејзините познавања, работната етика и вниманието за детали биле клучни за Kia да стане највисоко пласирана масовна автомобилска марка во рангирањето на квалитетот според J.D. Power. Марката шест години во низа е на врвот на листата.

„Почестена сум што се наоѓам на оваа листа на толку успешни дами,“ изјави Корс. „За мене е мошне инспиративно кога ги читам работните биографии и искуства на толку истакнати личности. Многу ми значи да бидам во оваа група.“

>>> Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mini cooper se тура со електричен автомобил низ македонија

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Луис Хамилтон во кампања „After Work“ за Mercedes-AMG

Луис Хамилтон во кампања „After Work“ за Mercedes-AMG