за

Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

Рафаел Надал и Kia Motors со инспиративни пораки за децата во време на пандемијата.

Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

Шпанскиот тенисер и амбасадор на Kia преку видео-средба им порача на децата од Рафа Надал Фондацијата да го задржат позитивното расположение за време на пандемијата и им зборуваше како тој цело време тренира дома, без воопшто да користи тениски рекет.

Рафаел Надал, во улога на светски амбасадор на Kia Motors, имаше видео средба со пет деца од Фондацијата Рафа Надал во Шпанија, кои ја имаа оваа единствена можност да разговараат со својот херој. Шпанскиот тенисер им зборуваше на децата за тешкотиите со коишто се соочил во првите недели по воведувањето на полициски час поради пандемијата. Тој им кажуваше на младите дека неговиот 20-ти Гренслем бил различен од претходните, поради тоа што не можел да го одбележи успехот во присуство на своите фанови и најблиските.

Kia ја организираше средбата со Рафа како дел од неговата кампања #TakeOn20. Иницијативата беше покрената во октомври и ги здружи фановите на Рафа ширум светот во поддршка на неговото изедначување на рекордот од 20 победи Гренслем.

Рафа има убави зборови за поддршката од Kia за фондацијата во негово име: „Помошта од Kia е клучна за Фондацијата Рафа Надал да продолжи да расте. Со дополнителните ресурси можеме да го зголемиме бројот на деца на кои им поматаме и воедно можеме да нудиме поквалитетни програми.“

Фондацијата годинава го одбележи своето еднодецениско постоење. Преку образување и спорт, на децата и тинејџерите од сите страни на светот им се помага да добијат исти шанси како повеќето нивни врсници. Рафа ги објаснува целите на помошта; „Поради местото во коешто се родени овие деца и поради нивната семејна ситуација, тие имаат неизвесна иднина. Ние сакаме да ги обезбедиме со алатки за нивен личен и социјален развој.“

Целото видео од онлајн-настанот е во продолжение

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki V-Strom 650 бестселерски подготвен за 2021 година

Suzuki V-Strom 650 бестселерски подготвен за 2021 година

Volkswagen работи на побрзи домашни полначи за струја

Volkswagen работи на побрзи домашни полначи за струја