за

Volkswagen работи на побрзи домашни полначи за струја

Сегашните полначи за струја со моќност од 22 kW полнат енергија за 100 km за приближно еден час. Тоа време ќе се преполови, станува збор за полначи што се поставуваат индивидуално.

Volkswagen работи на побрзи домашни полначи за струја

Домашните полначи за електрични автомобили моментно користат наизменична струја. Со новите полначи со еднонасочна струја на Volkswagen ќе се препополови времетраењето на полнењето дома.

Огранокот Volkswagen Group Components деновиве често се спомнува во вестите од Волфсбург. Станува збор за централизирано производство и снабдување на сопствените фабрики за автомобили на концернот – со нагласок на електричниот погон – заради намалување на зависноста од добавувачите, односно за зголемување на сопственото производство во ерата на електромобилноста.

Посебно тежиште на „VW Components“ е техниката за полнење. Оттаму претходно излегоа со свежата идеја за роботи-полначи што сами ќе доаѓаат до електричните автомобили на кои им е потребно полнење на батеријата. Денешната новина е многу поедноставна и поблиска до реалноста.

Станува збор за DC-ѕиден полнач со моќност до 22 kW. Техниката моментно се испитува во кругот на пет фабрики на концернот. Практичните искуства ќе се користат за техниката побрзо да пристигне во сериското производство.

Новиот ѕиден полнач со еднонасочна струја (DC = Direct Current) ќе полни со моќност до 22 kW. Со новата техника ќе се преполови времетраењето на полнењето во споредба со полначите со наизменична струја (AC = Alternating Current). При оваа технологија на полнење, струјата директно се насочува кон погонската батерија. Услов е возилото да располага со CCS-приклучок.

Кај двонасочните полначи, сопствениот полнач во возилото ја ограничува моќта на полнењето

Предноста на еднонасочното полнење е во тоа што батеријата на електричниот автомобил се полни независно од сопствениот полнач што е вграден во самото возило и што ја ограничува моќноста на полнењето. Покрај тоа, при директно полнење на батеријата со еднонасочна струја може да се користи повисока моќност. Со тоа се скусува полнењето.

Уште една посебност на идните DC-ѕидни полначи е можноста тие да се користат за т.н. двонасочно полнење. Тоа значи дека исто како што струјата може да тече кон батеријата, така може истата да се користи и за напојување на електрични потрошувачи, па и за директно поврзување со домот.

Моментно се тестираат полначи во фабриките Волфсбург, Брауншвајг, Хановер, Залцгитер и Касел, првично со дваесет DC-полначи.

Volkswagen почнува со продажба на полначи за електромобили

Volkswagen почнува со продажба на полначи за електромобили
Volkswagen почнува со продажба на полначи за електромобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

Рафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

Купувај локално: BMW во салон на Mercedes, EQC на местото на iX3

Купувај локално: BMW во салон на Mercedes, EQC на местото на iX3