за

Toyota работи на стандард за празни батерии да се заменуваат со полни

Компании во Јапонија, вклучувајќи ја Toyota, утврдуваат стандарди што ќе овозможат широка примена на систем за замена на празните со полни батерии.

Заменливи батериски касети се решението, што најголемите автомобилски компании во Јапонија и компании од повеќе бранши, ценат дека во транспортот и доставата на стока е подобро отколку чекање батеријата да се наполни.

Јапонската служба за достава на пратки Yamato Transport, соработува со CJPT (Commercial Japan Partnership Technologies Corporation, корпорација од повеќе јапонски компании за заеднички развој на технологии), во утврдувањето стандарди за заменливи и полниви батериски касети. Овие касети би се користеле главно во елеткричните возила во транспортот и доставата на стока.

Преоѓањето на товарни возила со електричен погон повлекува бројни предизвици. Еден од најголемите предизвици е долгото време што возилата го минуваат во мирување, додека се наполни батеријата. Возилата со бензински или дизел мотор се во голема предност во тој поглед. Друг проблем е потребата од висока количина на енергија, кога повеќе возила ќе се полнат во исто време.

Системот со батерии што се заменуваат и се преносни, донесува бројни предности:

  • Цената на електричните возила може да бидње пониска, затоа што една и иста батерија по потреба ја користат повеќе возила
  • Се смалува и потребата од труд и средства за поставување мрежа од полначи
  • Времето на мирување на возилата во логистиката се сведува на најмала можна мера. Со замената на празната со полна батерија се скусува времето во коешто возилото е неработно.
  • Рамомерна потрошувачка на струја: Заменските батерии може да се полнат во времето додека возилото е во служба, со што се смалува оптоварувањето на струјната мрежа.

CJPT во иднина ќе развива електрични возила коишто ќе бидат конструирани да користат заменливи батерии. Стандардизацијата на батериските касети и на системите за полнење ќе гио смали трошоците и ќе поттикне масовно користење на технологијата.

Yamato Transport користи зелен еко-систем за испорака на пратки, вклучувајќи ги и партнерските компании што доставуваат. Во соработка со општинските власти ќе се развива систем за користење струја, што го предвидува и користењето на заменливи батериски касери. Се проверува и искористливоста на системот со батериите, во случај на природна катастрофа.

Хибрид за добро утро, приклучен хибрид за добар ден, електрична Toyota за добра вечер

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Aston Martin од наследството на Сер Шон Конери се продава за милионска сума

Прв поглед во внатрешноста на новиот Mercedes EQE SUV