Првата електрична Toyota во Германија почнува од 47.490€, без субвенциите

Огранокот на Toyota во Германија започнува со нарачки за електричниот bZ4X, прв електричен автомобил на марката, што користи наменска платформа само за него. Марката направи уште еден дизајнерски чекор напред, заради нагласување на електричниот погон во возилото. Има и верзија со погон на сите тркала, оваа Toyota ќе вози и по терен.

Автомобилска Европа ја поздравува новата Toyota bZ4X. Верно на важната авто-улога што ја има и регионално и во светски рамки, Германија меѓу првите почнува со нарачки за новиот електричен автомобил.

Платформата e-TNGA ги користи начелата од оваа платформа без додавката „е“ и истата ќе се користи за модели со чисто електричен погон, како што најразличните варијанти на TNGA се користат за бензинските, хибридните и приклучните хибридни модели на Toyota и Lexus.

Toyota во својот нов bZ4X гледа СУВ со впечатлив дизајн и со футуристичка нишка, со многу простор и со напредни можности за поврзување, плус нови системи и технологии за безбедно возење. Основата сепак е целосно електричниот погон.

Основниот модел чини 47.490 евра во Германија, не вклучувајќи ги субвенциите во земјата. Конкретно, државата за возила над 40.000 евра учествува со 5.000 евра во цената на возилото, дилерите учествуваат со уште 2.500 евра, коишто заедно се одбиваат од основната цена, па потоа се пресметуваат 19% данок. Тоа значи дека од спомнатата цена може да се одбијат 8.925 евра, за на крајот да се дојде до субвенционирани 38.565 евра. На Јапонците и со електричниот погон сепак им успеа една не толку мала сензација, на здрави пазари и во економии што се развиваат здраво. Toyota дополнително ги снабдува првите купувачи на својот прв „beyond Zero“ модел со бесплатен електричен полнач во вредност од 700 евра.

https://photos.app.goo.gl/8E61D8X6fLc46kEv7

Како и повеќето електрични автомобили, така и bZ4X може да се вози со „Single Pedal Drive“, односно без потреба од притискање врз сопирачката, затоа што електромоторот може во речиси сите ситуации во возењето да ја преземе функцијата на сопирање – што е посебно корисно, затоа што се генерира електрична енергија во батеријата.

Електромотор со моќност од 204 или 218 КС (4х4) и батерија со капацитет од 71 kWh

Покрај изведба со преден погон ќе биде достапна и верзија со погон на сите тркала. Постои можност за користење брзи полначи со еднонасочна струја. Притоа, батеријата во подот на возилото ќе се наполни за 30 минути до 80 проценти. Примерот важи за полначи со моќност од 150 kW.

https://photos.app.goo.gl/23MEfAU6KUZvv6Tt7

Топлинска пумпа е стандард и ја одржува температурата на батеријата постојана, заради постигнување колко е можно подолг досег. Toyota го нагласува своето име кога зборува за квалитетна батерија. Гаранцијата е дека нејзиниот капацитет нема да падне под 70% по осум години или 160.000 километри. Батеријата секако дека може да издржи без проблем и двојно подолг период и двојно подолга километража, спротивно од верувањата по коментарите, дека батеријата на електричните автомобили станува бескорисна по одредено време или километража. Значи, тоа е тотална бесмислица. Доколку се користи договор за редовно годишно сервисирање, тогаш гаранцијата за батеријата се продолжува на 10 години.

Погон на водород, хибрид, приклучен хибрид, батерија, има сé во Toyota

https://photos.app.goo.gl/1fc5nSYqXkuhYViW6

Потрошувачката изнесува меѓу 15,9 и 19,3 kWh на 100 километри. Досегот се движи меѓу 370 и 450 километри.

Испораките стартуваат рано напролет.

>>> На пат со Toyota Yaris Cross: Имате забележано колку е убава Преспа зиме?

Претходна објаваДамите реагираат на Kia Sportage: Најдобар семеен СУВ во светот
Следна објаваОваа специјална Буба го претрка Форд Т во производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here