за

Дамите реагираат на Kia Sportage: Најдобар семеен СУВ во светот

Новата генерација на Kia Sportage, одвај една седмица по премиерата во салонот на КММ, прогласен е за најдобар семеен СУВ во светот од дамите зад воланот.

Жирито што е составено строго од дами му ја додели титулата за најдобар СУВ за семејството на новиот Kia Sportage, во рамките на изборот на најдобри автомобили во светот за 2022 година.

Тоа што му донесе најмногу бодови на Sportage во изборот на дамите се безбедноста, комфорот, изгледот, штедливоста, противвредноста и уживањето во возењето. Новиот СУВ на Kia и наследник на успешна низа модели се цени и поради просторноста во кабината, со најдолг простор за нозе и најмногу простор за глава во класата, како предуслови за пријатно патување.

Kia Sportage е победник во категоријата на семејни СУВ модели, меѓу најдобрите автомобили во светот за 2022 година во избор на дамите. Во состав на жирито влегуваат 56 дами, авторки од областа на автомобилизмот, од 40 држави од 5 континенти.

Во шесте категории од коишто се состои изборот учествуваат 64 модели што стартувале со продажба во минатата година. Категориите се: Семеен СУВ, урбан автомобил, голем автомобил, луксузен СУВ, спортски автомобил и 4х4.

Kia Sportage е свежа премиера на македонскиот пазар, уште еден модел на марката стартуваше со продажба на нашиот пазар во исто време со најголемите европски пазари

Новата генерација на Sportage првпат се нуди во посебно приспособена изведба за европскиот пазар, којашто се разликува од изведбите за пазарите во Азија или во САД. Европската варијанта е малку покуса и има различно дотерување во подвозјето, во реакцијата на погонската спрега, како што тоа го бара вкусот на европските возачки и возачи.

Електрификацијата почнува веднаш по основните моделски изведби, со благ хибриден погон во бензинската изведба со 180 КС и дизелот со 136 КС; Понатаму ќе следат хибриден модел и модел со приклучен хибриден погон

Петтата генерација на Sportage стандардно располага со благ хибриден погон во посилните варијанти, а веќе во вториот квартал ќе биде понудена и целосно хибридна верзија, за понатаму да следи и изведба со приклучен хибриден погон, односно со можност за полнење на батеријата.

Во македонската Kia веќе го потврдија пристигнувањето на останатите погонски изведби на нашиот пазар, коишто ќе бидат новина во понудата на марката на нашиот пазар. Sportage ќе биде практично првиот модел на Kia што ќе се нуди со електрифициран погон во Македонија, ако се исклучат неколкуте примероци од Kia Rio што се продадени во верзија со благ хибриден погон. За изведбата со приклучен хибриден погон се најавува досег до 78 километри со погон чисто на струја, пред да се активира бензинецот.

А, дамите за новиот Sportage имаат да го кажат следното (и тоа нормално трае 15 минути):

Жирито на Светски автомобил на 2022 година по избор на дамите ќе се состане уште еднаш во почетокот на март, за да гласа за финалниот победник и носител на титулата на светски автомобил на 2022 година. Изборот ќе биде соопштен на 8-ми Март, на Денот на Жената.

>>> Австриец извозе 500.000 km со Kia Sportage од 2009 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GAZelle NN во Русија може да се купи онлајн

Првата електрична Toyota во Германија почнува од 47.490€, без субвенциите