Во 2009 година, Волфганг Линднер купил нов Kia Sportage. Во есенва во 2021 година, значи дванаесет години подоцна, тој веќе има поминато повеќе од 500.000 километри.
Австриецот што во изминативе 12 години буквално не се двоел од својот Kia Sportage, работејќи како осигурителен брокер, од неодамна е во пензија. Тоа сепак не го спречува Волфганг Линднер за тој секој ден да минува долги тури со својот автомобил, особено откако се преселил во Валдфиртел, во шумите во Долна Австрија.
„За сервисирањето секогаш одам во автокуќа Гатерер“, објаснува Волфганг Линднер, кој ја цени овластената сервисна мрежа на марката, „редовни прегледи и замена на маслото едноставно се обврска“.
При регистрирањето на бензинецот пред 12 години, Хер Линднер тогаш добил и повластена даночна стапка, поради ниската емисија на штетни материи. Секако дека човекот е одушевен од издржливоста на Kia Sportage, но исто така ги цени и комотното седнување и излегување од возилото, добрата прегледност и просторот.
Пасионираниот тенисер веќе работи на следните 500.000 километри. „Трошењето е неизбежно“, знае Волфганг Линднер, „но, мојот Sportage ќе издржи до мојот 95-ти роденден.“
https://photos.app.goo.gl/DUorZzMXoMj7pJek7
https://photos.app.goo.gl/L2MoPcCW6PafV1DC6
















