за

Оваа специјална Буба го претрка Форд Т во производство

Во Автомобилскиот град во Волфсбург, изложен е историски важен примерок од славната Буба. Во 1972 година, овој примерок го замени Ford T-Model како најпроизведуван автомобилски модел.

Посетителите на Аутоштат, град во градот Волфсбург, што е посветен на марката Volkswagen и целиот концерн околу неа, можат да го видат автомобилот што напиша големо историско поглавје.

На 17-ти февруари 1972 година, пред 50 години, од халата број 12 во фабриката во Волфсбург, излезе примерок од Volkswagen Beetle – оригинално Käfer, бумбар – што беше 15.007.034-ти примерок од моделот од сериско производство. Тоа значеше дека Бубата го престигна Ford Model T како најпроизведуван автомобил во историјата. По тој повод, на Piazza на влезот во комплексот се изложени двата автомобили, историскиот примерок од Бубата и Ford Model T покрај неа.

Поставувањето на производствениот рекорд беше повод Volkswagen да понуди специјална серија од моделот, којашто се продаваше од 19-ти февруари до 31-ви март 1972 година. Името на серијата е Weltmeister, светски шампион.

Повеќе од 6.000 клиенти се решија за специјалниот модел, со каросерија лакирана во „маратон металик“ боја. Оваа боја беше создадена посебно за поводот. Наспроти стандардната изведба на VW 1302, шампионската буба доби спортски тркала Lemmerz, халогени светла, сирена со два тона, светло за наназад и грејач на задното стакло. Седиштата со црн сомот беа обележје на серијата Weltmeisteer, исто како и обложувањето на арматурната табла, патосниците и гумените додатоци во браниците.

Купувачите можеа да избираат и специјален прибор. Тој вклучуваше налепница, приврзок за клуч, украсен брош и златен медал со натпис „Der Weltmeister“.

Рекламата на германските канали, за „велтмајстерот“. Зошто бокс? Затоа што бубата има боксер мотор, ништо не е случајно:

И една американска реклама за бубата:

>>> Музејот на Volkswagen доби „буба“ со половина век служба во Јапонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првата електрична Toyota во Германија почнува од 47.490€, без субвенциите

Porsche Macan T: Моторот е ист, сé останато е сменето