за

Toyota во ноември претставува нов Aygo

Наследникот на најмалечкиот модел на Toyota го задржува името Aygo и додава X. Тоа ќе биде мини-кросовер со техника од Yaris.

Toyota Aygo се приспособува на новите барања на пазарот и станува кросовер. Новиот Toyota Aygo X ќе се произведува во Европа, развиен е за Европа и производителот го најавува како единствен модел во сегментот на градските мини-возила.

Големата светска грижа за животната средина доведе до тоа автомобилите што трошат најмалку, што се најдостапни и што се најевтини за одржување, да почнат да исчезнуваат од пазарот. Строгите норми за издувни гасови условуваат и скапи системи за пречистување, чијашто цена не се покажува толку многу кај скапите и престижни автомобили, но сосем е поинаку кај најмалечките и најдостапните.

Toyota останува во сегментот на мини-возилата, и не само што останува, туку и го надградува своето присуство. Ако веќе возилата од овој сегмент мора да чинат повеќе, тогаш барем и да им се понуди повеќе на луѓето. Aygo станува Aygo X, примерното и солидно градско мини станува кросовер. Јапонскиот концерн го најави тоа преку студијата Aygo X Prologue.

Toyota ја потврди премиерата на Aygo X за следниот месец. Исто како сите модели во понудата на марката, така и Aygo е развиен според TNGA-архитектурата, што нуди различни платформи за секој сегмент возила, но сите развиени со заедничката идеја – да се будат повеќе емоции при возењето.

Aygo уште претходно ја носеше ознаката X, во „истоименото“ ниво на опрема. X означува вкрстување, во случајов меѓу градско мини и теренец. Како техничка основа се користи платформата GA-B од актуелниот носител на титулата автомобил на годината во Европа, Yaris, како и од неговата СУВ-изведба Yaris Cross, што од неодамна се продава и на македонскиот пазар.

Производството на Ayto X ќе се одвива во фабриката во Колин, во Чешка.

>>> Yaris Cross: По малку од Yaris, малку од RAV4, многу од Toyota

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По Golf, Volkswagen: Волфсбург го има најпродаваниот електричен автомобил во Европа

Овие дами ќе возат рели со Kia Sorento