за

Во криза се купува мудро, Toyota со 715.000 возила до септември

Toyota во првите девет месеци продала 715.081 возила од своите две марки на европскиот пазар. Зголемувањето на уделот реално сведочи дека јапонската марка ги привлекува купувачите од конкурентските марки.

Во криза се купува мудро, Toyota со 715.000 возила до септември

Европскиот огранок на Toyota во првите три квартали од 2020 година продал 715.081 возила од марките Toyota и Lexus. Продажбата на јапонскиот концерн во корона-кризата се одвива подобро од просекот на целиот европски пазар, кој до септември забележа пад за 25 проценти во споредба со истиот период лани. Уделот на двете марки сега изнесува 6,1 проценти.

Хибридниот погон се покажа како победник во корона-кризата, заедно со возилата со елеткричен погон. Повеќе од половината од вкупната продажба (52%) отпаѓа на модели со комбинација од бензински мотор и електромотор, со вкупно 372.893 возила. Во Западна Европа, уделот на моделите со две срца достигна 63%, додека кај Lexus, само едно од сто продадени возила во регионот користи само бензински мотор.

Од марката Toyota во периодот од јануари до септември се продадени 664.157 возила на целиот европски пазар, од кои 340.226 имаат хибриден погон. Lexus на овие бројки додава уште 50.924 примероци, од кои 32.667 се хибриди.

Во третиот квартал, Toyota Motor Europe дури постигна зголемување за 11,5 проценти во споредба со истото тромесечје лани. За тоа во голем дел е заслужен новиот Toyota Yaris. За градскиот автомобил, што во својата четврта генерација ја користи платформата TNGA (Toyota New Global Architecture), во септември пристигнале повеќе нарачки отколку за кој било друг модел на Toyota за еден месец.

Откако во мај продолживме со производството, зголемена е продажната динамика на Toyota и Lexus. На големиот интерес за целата моделска понуда доаѓа и дополнителнен поттик од почетокот на продажбата на новиот Yaris

Мет Харисон, извршен заменик директор на Toyota Motor Europe

Како резултат од добрата продажба, европските менаџери ги зголемија предвидувањата за годинава, на 975.000 возила. За предвидувањето да се реализира, потребно е да се задржи добрата продажна динамика и во последниот квартал од годината.

>>> Виртуелна презентација, реална Миа во видеото за Toyota Yaris

toyota yaris миа костова

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возење BMW на струја носи бодови

Возење BMW на струја носи бодови

Полициските часови ја смалија емисијата на СО2 во светот