за

Возење BMW на струја носи бодови

Уште една премиера во групацијата BMW. Возачките и возачите на модел со приклучен хибриден погон ќе собираат бодови додека возат чисто на струја. Откако ќе се собере потребниот фонд, следува бесплатно полнење.

Возење BMW на струја носи бодови

На BMW дефинитивно не му недостигаат идеи како да ја унапреди електромобилноста на следното ниво. Новата иницијатива се води како BMW Points и тоа е прва програма од ваков вид во светот, со којашто се наградуваат возачките и возачите на модели на BMW со приклучен хибриден погон.

Со секој извозен километар чисто со енергијата во батеријата, возачите на BMW ќе освојуваат бодови, кои по постигнувањето на предевидениот фонд ќе може понатаму да се искористат за бесплатно да се наполни батеријата. Тоа е прва наградна програма од ваков вид и се води како BMW Points.

Идејата е сопствениците на модели со приклучен хибриден погон да се наведат почесто да ги приклучуваат своите возила на полнач. Во повеќето држави во Европа, возила со овој вид погон се ценат како параван за добивање субвенции при купувањето на возилото. Голем дел од возачите потоа не ги користат полначите.

Тоа не е во согласност со идејата на властите да ја поттикнат електромобилноста и да ги ублажат последиците од сообраќајот врз климатските промени. Групацијата BMW се надоврзува на оваа идеја и преку BMW Points ги инспирира возачките и возачите сепак да ја искористат можноста, своето возило со приклучен хибриден погон да го возат чисто на струја.

Постојат и посебно одредени подрачја, во коишто се добиваат двојно повеќе бодови при возење на струја. На овој начин собраните бодови, потоа може да се искористат за бесплатно да се наполни батеријата на полначите што се опфатени во мрежата на BMW Charging.

Новата дигитална услуга стои на располагање во Германија, во Холандија и во Белгија, а уште во текот на годинава таа ќе биде овозможена во уште неколку држави. Бодовите се регистрираат преку мобилната аплиакција My BMW App. Со собирање 1.250 BMW Points се добива ваучер за 10 евра, за 3.000 боови следат 25 евра, додека за 5.800 бодови може бесплатно да се наполни енергија за којашто инаку би требало да се плати 50 евра.

Услугата може да се користи во сите актуелни модели со приклучен хибриден погон, односно за сериите 3, 5 и 7, како и за BMW X5 xDrive45e.

Модели на BMW со електричен или приклучен хибриден погон

BMW iNEXT (2021)*

BMW i3*

BMW i3s*

BMW i4 (2021)*

BMW i8 Coupé (повеќе не се произведува)

BMW i8 Roadster (повеќе не се произведува)

BMW iX3*

BMW 225xe

BMW 330e

BMW  530e

BMW 545e

BMW 745e

X1 xDrive25e

X2 xDrive25e

X3 xDrive30e

X5 xDrive45e

(* модели со електричен погон)

Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ја назначи Одгард Андерсон за директорка за автопилотирано возење

Volvo ја назначи Одгард Андерсон за директорка за автопилотирано возење

Во криза се купува мудро, Toyota со 715.000 возила до септември

Во криза се купува мудро, Toyota со 715.000 возила до септември