Милиони Тесла повторно со безбедносен проблем, хаубата може да се отвори среде возење

tesla model x
Меѓу возилата на Тесла што се опфатени во сервисниот повик е вклучен и Модел Икс.

Повеќе од 1,8 милион возила на Тесла во САД имаат проблем, поради којшто производителот мораше да одговори со сервисен повик. Постои опасност дека софтверот нема да препознае, дали предниот багажник е заклучен или не е.

Според агенцијата за безбедност во сообраќајот НХТСА, тоа може да предизвика опасност во текот на возењето, затоа што вратата на багажникот, прочуениот „франк“, може да се отвори ненадејно и да го попречи погледот. Тоа понатаму може да доведе до сообраќајна незгода и до загрозување на останатите учестници во сообраќајот.

Погодени се Модел 3, Ипсилон, С и Икс

Сервисниот повик се однесува на одредени возила од сериите Модел 3, Модел С и Модел Икс, произведувани меѓу 2021 и 2024 година, како и Модел Ипсилон, произведен меѓу 2020 и 2024 година. Возилата сепак не мора да посетат сервисна работилница, затоа што Тесла ќе испрати нов софтвер што ќе се вчита во возилата.

По апдејтот, софтверот ќе препознава кога хаубата не е затворена и за тоа ќе го предупредува возачот. Проблемот очигледно се однесува и на возила во Кина и Европа.

Тоа не е прв сервисен повик за Тесла годинава. Во април мораше да бидат повикани во сервисна работилница сите дотогаш испорачани примероци од пикапот Сајбертрак, близу 4.000 возила. Кај нив постоеше опасност да се заглави педалата за забрзување. Во јануари мораше да се извршат зафати кај 1,6 милион возила во Кина, поради тоа што постоеше висока опасност од судир при користење на системите за асистенција.

Електрични автомобили во македонските салони

Претходна објаваРезултатите на БМВ за првото полугодие: Продажбата зголемена, маржата намалена
Следна објаваТројката е целосна, Ауди А6 им се придружува на БМВ и5 и Мерцедес Е-Ку-Е, сите на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here