за

Сите Сајбертракови на Маск мора да се вратат во сервис

Тесла повикува во сервис близу 4.000 примероци од својот пикап Сајбертрак, поради сериозен пропуст.

Облогата на педалата за забрзување може да се откачи, да се заглави и да оневозможи возачот да запре или за забрза. Агенцијата за безбедност во сообраќајот во САД објави повик за сите произведени примероци од електричниот Тесла Сајбертрак да се вратат за поправка во сервис.

Масовниот сервисен повик за пикапот на Илон Маск следи откако тик-токерот Хозе Мартинез објави видео во коешто се гледа дека педалата за забрзување е заглавена и оневозможува контрола врз возилото.

Сопствениците на Тесла Сајбертрак мора да посетат сервис, каде што постоечката облога на педалата за забрзување ќе се замени со нова облога што нема да се откачи.

Во образложението на дефектот, Тесла наведува дека е направена „неодобрена промена, со тоа што средство за подмачкување (сапун) било применето за облогата полесно да се постави врз педалата за забрзување.“ Во истото понатаму се наведува дека „остатоците од средството за подмачкување ја смалиле прицврстеноста на облогата врз педалата.“

Според пријавата до Агенцијата за безбедност во сообраќајот во САД, Тесла првпат била запознаена со опасноста на 31-ви март годинава. По утврдувањето на проблемот, на 12-ти април е одлучено да се објави сервисен повик за Сајбертрак.

Испораката на Сајбертрак досега се одвива бавно, со помалку од 4.000 примероци откако Илон Маск свечено ги предаде првите возила на 30-ти ноември лани.

Тесла и без тоа има проблем со побарувачката за своите возила, затоа што во првото тромесечје биле испорачани само 386.810 возила, што е за 8,5 проценти под истиот квартал лани.

Агенцијата добила три пријави на овој вид дефект од сопственици на Сајбертрак, откако каналот Си-Ен-Би-Си го објави видеото на Мартинез.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фиат Типо е класична инвестиција без главоболки

Тесла поевтинува насекаде, продажбата удолу