Tesla Model Y најпродаван модел во јуни и во првото полугодие

Tesla Model Y беше најпродаван модел во јуни, престигнувајќи ги популарните модели со мотор со внатрешно согорување, како што се Dacia Sandero или Volkswagen T-Roc.

Електричниот СУВ-модел од средна класа беше воедно и најпродаван модел во општа конкуренција на европскиот пазар во првото полугодие. Тоа е првпат модел на Tesla или кој било електричен модел да стекне наслов на најпродаван автомобил во Европа во период од шест месеци.

На второто место е градскиот и достапен модел Dacia Sandero, со заостаток од близу 7.000 примероци зад електричниот СУВ на Tesla. Вицешампионското место на Sandero важи и за јуни и за првото полугодие.

Во првите шест месеци од годинава, Model Y ја зголемил продажбата за трипати во споредба со истиот период лани, од 40.147 примероци во 2022 година, на 125.144 примероци годинава. Податоците ги објави консултантската куќа Dataforce, повикувајќи се на продажните бројки пристигнати од 94% од пазарите што се вклучени во статистиката (ЕУ, ЕФТА, Британија).

Растот во продажбата на американскиот СУВ-модел, што се произведува и во Германија, сепак не се одвиваше по права линија.

Во јануари, продажбата на Model Y постигна четирицифрен раст, со вкупно 6.889 продадени возила, меѓутоа ланската основа за споредбата беше практично незначителна. Електричниот автомобил тогаш се најде на 17-то место според продажбата во Европа.

Февруарската продажба напредуваше за 167 проценти во споредба со истиот месец лани, со вкупно 18.153 возила. Model Y првпат стана најпродаван автомобил во Европа, иако стануваше збор за предност од одвај 100 примероци пред Dacia Sandero.

Tesla, по традиција, во првиот квартал продава најмногу во март, па така и годинава. Model Y напредуваше за 140 проценти, на вкупно 46.282 возила, престигнувајќи го најблискиот ривал во месецот – Opel Corsa – со повеќе од 20.000 возила.

Во следниот месец, Model Y се најде на 17-то место, со продадени 11.072 возила, иако тоа беше уште еден месец со четирицифрен раст во споредба со лани. Во мај, продажбата на Tesla Model Y повторно постигна четирицифрен раст, со 17.812 возила, но победата во тој месец му припадна на Sandero, со продадени 20.808 возила.

Со јунската продажба од 29.765 возила, за 104 проценти повеќе во споредба со лани, Tesla Model Y го имаше вториот најдобар месец годинава, по март, иако растот во споредба со лани беше најмал.

Dacia Sandero трипати беше најпродаван автомобил во Европа во првите шест месеци годинава.

Трка меѓу Sandero и VW T-Roc

Продажбата на Sandero во јуни се зголеми за 26 проценти, на 188.883 возила, што на градската комбилимузина ѝ донесе второ место. Разликата меѓу Sandero и третопласираниот Volkswagen T-Roc изнесуваше помалку од 11.000 примероци. Германскиот кросовер напредуваше за 30 проценти, со продадени 107.249 возила.

Лимузината Tesla Model 3, вториот најпродаван модел на специјалистот за електричен погон, постигна голем скок во јуни, со раст од 115 проценти во продажбата, со вкупно 12.693 возила. Тоа беше првпат Model 3 годинава да постигне поголем раст отколку Model Y.

[the_ad id=”73735″]

Во првото полугодие, продажбата на Model 3 остана непроменета, со вкупно 38.843 возила, што на лимузината ѝ го донесе 50-то место според продажбата во Европа во првите шест месеци.

Заедничката продажба на Model Y и Model 3 во првото полугодие беше поголема за 85.000 возила во споредба со лани. Тоа е една третина од вкупниот раст од 263.860 примероци во продажбата на батериски електрични автомобили во првото полугодие. Вкупно во периодот од јануари до јуни се продадоа 853.720 батериски електрични автомобили или за 45 проценти повеќе во споредба со лани.

Tesla имаше агресивно скусување на цените во Европа и на останатите пазари ширум светот, вклучувајќи ги САД и Кина.

Кога трошокот за гориво за 200 километри пат е само 150 денари…

Претходна објаваAMG GLC: Спортски тренинг за најпродаваниот модел на Mercedes
Следна објаваDacia подготвена да одговори на кинеската инвазија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here