
Вредноста на акциите na Tesla забележа голем скок во новата година, откако производителот на електрични автомобили постигна рекордна годишна продажба.
Во тргувањето со акции пред отворањето на берзата, акциите на Tesla скокнаа за 7,6 проценти и вредеа по 1.137 американски долари. Тоа е мошне блиску до нивната рекордна вредност од 1.243 долари, постигната во почетокот на ноември.
Tesla во последниот квартал испорача 308.600 возила, додека пазарот калкулираше со 263.000 возила. За целата 2021 година, компанијата на Илон Маск испорача 936.000 возила. Тоа претставува спектакуларен скок од 87 проценти, во споредба со преклани. Во подолг временски период, се очекува дека предводникот во електрификацијата на автомобилите ќе постигнува годишен пораст од најмалку 50 проценти.
Аналитичарите ја зголемија прогнозираната вредност на курсот
Добрите резултати на Tesla предизвикаа добри реакции и кај аналитичарите. Експертите во канадската банка RBC дадоа одлични оцени за бројот на испорачани возила, како и за неочекувано високата продукција, и соодветно ги зголемија своите прогнози за курсот на акците на Tesla. Исто реагираа и во инвестициската банка Jefferies.
— Elon Musk (@elonmusk) January 2, 2022
Изминатите недели не беа најповолни за инвеститорите. По рекордот што беше достигнат во почетокот на ноември, акциите почнаа нагло да опаѓаат и кусо пред католички Божик дојдоа до вредност од 886 долари. Главна причина беше тоа што Илон Маск продаде милиони свои акции во Tesla. Мултимилијардерот во ноември објави на твитер дека ќе продаде 10% од своите акции, за да плати повеќе данок.
Продажба и испорака на возила Tesla во 4-от квартал ’21
| Производство | Испорака | Удел на возила на оперативен лизинг |
|
| Model S/X | 13,109 | 11,750 | 17% |
| Model 3/Y | 292,731 | 296,850 | 5% |
| Вкупно | 305,840 | 308,600 | 5% |
Вкупно 2021
| Производство | Испорака | ||
| Model S/X | 24,390 | 24,964 | |
| Model 3/Y | 906,032 | 911,208 | |
| Вкупно | 930,422 | 936,172 |
>>> Њујорк ќе воведува стотици Tesla Model 3 во такси служба
S3XY Light Show pic.twitter.com/FuBTAVB8Ju
— Tesla (@Tesla) December 24, 2021















