за

Peugeot најпродавана марка во Португалија лани

По 12 години во постојано зголемување на пазарниот удел, Peugeot лани стана најпродавана марка на португалскиот автомобилски пазар.

Лани во Португалија најмногу нови автомобили излегле од салоните на Peugeot. Со вкупно продадени близу 23.000 патнички и доставни возила, марката со лавот е најпродавана марка во земјата во којашто фабрики за автомобили имаат марките Volkswagen, Seat, Citroen, Opel, и секако, Peugeot.

Историска смена на врвот на португалскиот пазар по 23 години. Peugeot е новиот лидер во земјата во којашто Французите често практикуваат да ги одржат презентациите на новите модели. Со 22.891 продадени патнички и доставни возила, Peugeot се докажа во 2021 година како омилена марка на возачките и возачите во Португалија.

За победата во пазарната трка да биде уште поубедлива, Peugeot деветта година во низа освојува титула на „Marca Automóvel Nº1 Escolha do Consumidor“, односно автомобилска марка Број 1 во избор на купувачите. Титулата се доделува врз основа на анализата што ја спроведува Организацијата на потрошувачи во Португалија. На марката со лавот отпаѓаат 13,1 проценти од вкупниот пазар во земјата, вклучувајќи ја и продажбата на доставните возила. Во споредба со преклани, Peugeot напредувал за 6,5 проценти. Француската марка предводи и на пазарот на патнички и на пазарот на доставни возила.

Секако дека има добри вести и во поглед на чисто електричниот (батериски) погон. Peugeot и таму води, конкретно води со пазарен удел од 11,7 проценти. Повеќе не е изненадување и првото место на марката во сегментот на сите возила со електрифицирана погонска спрега, односно вклучувајќи ги и моделите со приклучен хибриден погон. Уделот на Peugeot во тој пазарен сегмент изнесува 9,2 проценти.

New item by Automedia MK / Google Photos

Првпат по 23 години се смени лидерот на португалскиот автомобилски пазар. Подолго од две децении, таму доминираше Renault. Успехот на Peugeot секако не се случи преку ноќ. На тоа претходеа 12 години постојано зголемување на пазарниот удел. Денес француската марка ужива за 5 проценти бодови повисок пазарен удел во Поргугалија, отколку во 2009 година.

Peugeot го презеде водството со раст на продажбата од 6,5 проценти, во година во којашто целиот автомобилски пазар во Португалија напредуваше за само 1,4 процент

Патничките автомобили на Peugeot учествуваат во продажбата во земјата со 12,0 проценти (+1,1 процентен бод) и со 17.595 возила. Во споредба со 2020 година, Peugeot лани ја зголемил продажбата за 11%, во услови кога целиот пазар на патнички автомобили напредувал за 0,8 процент.

Одушевува податокот дека во Португалија лани биле регистрирани 1.545 нови чисто електрични возила (BEV) само од марката Peugeot, односно од моделите e-208, e-2008, e-Rifter и e-Traveller/e-Expert. Од интересот на бизнис секторот за доставни возила со погон на струја се мошне задоволни и во македонскиот Еуроимпекс – првиот увезен контингент од електрични доставни возила веќе е продаден.

New item by Automedia MK / Google Photos

На тоа се надоврзуваат уште 1.116 возила со приклучен хибриден погон, од моделите 3008 HYbrid, 508 и 508 SW HYbrid, но и 508 Peugeot Sport Engineered). Тоа одговара на пазарен удел од 7,1 проценти во делот на возила со ниска емисија. Заедно со чисто електричните модели, тоа се 2.661 возила од марката Peugeot.

Деталната статистика што се води за португалскиот пазар, понатаму открива и дека Peugeot лани учествувал со 16% во сегментот на СУВ-возила. Од „дабл-оу“ моделите 2008, 3008, 5008, лани во Португалија се продадени 9.865 примероци. Од пазарниот удел станува јасно дека Peugeot е лидер и во СУВ-сегментот.

Топ 3 Најпродавани патнички модели на Peugeot во Португалија во ‘21

  • PEUGEOT 2008 · 6.404 примероци
  • PEUGEOT 208 · 4.834 примероци
  • PEUGEOT 3008 · 2.652 примероци

Во делот на доставните возила, Peugeot Partner е лидер во тој сегмент, со 4.372 продадени примероци. Моделот се произведува во фабриката во Мангуалди.


Целата моделска понуда на Mercedes-Benz на македонскиот пазар, со технички податоци и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Акциите на Tesla пораснаа по рекордната продажба

Најновиот спортски автомобил на Toyota е пикап