за

Во светот лани се продадени над 86 милиони автомобили

светска продажба автомобили

Автомобилската индустрија лани пласирала 86,05 нови патнички автомобили и лесни товарни возила на светскиот пазар. Според пазарните експерти на Jato Dynamics, продадени се 2,05 милиони возила повеќе отколку преклани, односно постигнат е раст од 2,4 проценти.

Најголем придонес за солидниот раст имаат спортските теренци, на коишто отпаѓа најголемиот дел од пазарот во трите главни региони Кина, Северна Америка и Европа. Нивната популарност не е толку голема во Јапонија, Јужна Кореја и Азискиот Пацифик. Во овие три региони повеќе се купуваат малечки и мини автомобили. Но, не е исклучено трендот на спортските теренци да ги зафати и нив.

prodazba po regioni

По региони, најголем раст имаат забележано Европа, Азискиот Пацифик (без Кина, Јапонија и Јужна Кореја) и особено Јужна Америка. Двоцифрениот пораст на 13 пазари, вклучувајќи ги Русија, Тајланд и Аргентина компензирал за падот на значајните пазари, како што се САД, Велика Британија, Мексико и Јужна Кореја.

Индија може наскоро да ја замени Германија како четврти најголем пазар во светот

Производителите на автомобили профитираат од растот на пазарот во Бразил (+9,4%), како и Индија (+8,8%), чијшто пазарен волумен може наскоро да ја престигне и Германија (+2,8%), како четврти најголем пазар во светот.

prodazba po segmenti

Спортските теренци лани постигнале историски највисок удел на пазарот, со 34 проценти. Според анализите на повеќе од 50 пазари, лани се продале 27,85 милиони спортски теренци. Тоа се 3,14 милиони возила повеќе отколку преклани, односно претставува раст од 12,7 проценти. На компактните СУВ модели отпаѓаат дури две петини од целиот сегмент, но нивната класа ја има и најниската стапка на пораст од сите СУВ-класи, со 9,2 проценти. Повеќе расте пазарот на СУВ-моделите од средната класа, кадешто продажбите забележале плус 16,6 проценти. Солидно напредуваат и големите теренци (+15,7%), особено во Северна Америка, кадешто две од три продадени возила се СУВ-модели. Во Кина исто така има двојно зголемување на пазарот на големите теренци.

Расте популарноста на пикапите во Европа и Јужна Америка

Долготрајната доминација на СУВ-моделите ги загрозува традиционалните сегменти. Најмногу се погодени компактните модели, лимузините и комбијата од средната класа, како и вановите. Во компакт класата се постигнати 14,92 милиони продажби, што е намалување од 4,5 проценти. Тоа е резултат од намалениот интерес на пет големи пазари, како и од бумот во продажбата на СУВ модели во Кина.

prodazba avtomobili i tovarni

Наспроти тоа, расте продажбата на малечките и мини автомобилите, но само поради доминацијата на таканаречените кеи-модели во Јапонија, кои забележале раст од 14,4 проценти. Добро минуваат и пикапите, главно поради традиционално големиот интерес во Северна Америка, но и растечката популарност во Европа, Јужна Америка и Азискиот Пацифик.

najprodavani modeli

Најпродавана моделска серија во светот повторно е пикапот Ford F, пред семејната лимузина Toyota Corolla. Пикапот на Ford е популарен единствено во САД, кадешто се пласираат 80% од продукцијата на F-серијата. Најпродаван СУВ на светскиот пазар е Nissan X-Trail / Rogue, со 814.000 примероци (+6,5%).

Honda имаше одлична година со три модели меѓу десетте најпродавани во светот, исто како и Volkswagen. Впечатлив успех имаат Toyota C-HR, Geely Emgrand, Jeep Compass и Chevrolet Cavalier.

Дури две петини од новите автомобили во Норвешка користат алтернативен погон

Во поглед на горивото, патничките автомобили и доставните возила со бензински мотор доминираат во глобални рамки, со удел од 72,5 проценти. Возилата со алтернативен погон забележале раст од 27,7 проценти, на 3,79 милиони примероци и удел од 4,4 проценти. Наспроти тоа, уделот на дизелот се намалил за 3,7 проценти, главно поради слабеењето на интересот на европскиот пазар. Две од три продадени возила во Европа имаат дизел мотор. Освен европските возачи, дизелот го преферираат и купувачите во Тајланд, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

prodazba po gorivo

Јапонија и натаму е еден од најголемите и најважни пазари за возила со алтернативен погон (27,8% пазарен удел), но лидерството тука го задржува Норвешка, кадешто возилата со алтернативен погон учествувале со 41,9 проценти во продажбата лани. Продажбата на електрични автомобили и доставни возила изнесува 668.000 единици, што претставува фантастичен раст од 78,4 проценти. Возилата со хибриден погон исто така постигнале историски рекорд, со 2,51 милиони продадени примероци. Интересот за овие возила расте најмногу во Кина, Индија и Европа. Хибридните возила со можност за надворешно полнење на батеријата, односно плагин-хибридите, постигнале 417.300 продажби на светскиот пазар (+62,5%). Нивните главни пазари се Кина, САД и Јапонија.

Mitsubishi Outlander PHEV надмина 100.000 продажби во Европа

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

Дизелот сé помалку интересен за возачите во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автомобил на годината volvo xc40

Volvo XC40 е автомобил на годината

mercedes e-class c-class дизелот хибрид

Mercedes ја спасува честа на дизелот во хибридна комбинација