за

Во светот во 2030 година ќе возат 145 милиони електрични возила

Меѓународната агенција за енергетика предвидува натамошно зголемување на продажбата на електрични автомобили.

Во извештајот на Меѓународната агенција за енергетика што го објави американскиот канал CNBC, се очекува „бројот на електрични автомобили, автобуси, доставни возила и тешки камиони на патиштата да достигне 145 милиони возила до 2030 година“.

Според Агенцијата, можно е бројот на електрични возила до 2030 година да биде уште повисок отколку што укажуваат сегашните предвидувања. Во извештајот на светската агенција за енергетика, се наведува дека „доколку властите вложат поголеми напори со цел да се исполнат светските цели за енергетиката и за климата, вкупниот возен парк од електрични возила во светот може да се зголеми уште повеќе и до крајот на деценијата да достигне 230 милиони возила.“

Организацијата со седиште во Париз понатаму утврдува дека лани биле регистрирани околу три милиони нови електрични возила, што претставува рекорд и за 41% е повеќе во споредба со 2019 година. Моментно по патиштата ширум светот возат повеќе од 10 милиони електрични возила.

Тие не можат сами да ја завршат работата, но електричните возила имаат неоспорна улога за светот да достигне неутрален биланс во поглед на емисијата на штетни материи“, порачуваат од Агенцијата. Актуелната продажна динамика охрабрува, меѓутоа за светот да ги достигне своите цели во поглед на климата и енергетиката, потребно е натамошно забрзување на продажбата на електричните возила.

Светските енергетичари порачуваат властите да „вложуваат во производство на батерии и во развој на широка и стабилна мрежа од полначи.“

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Golf прв во март, Peugeot 208 прв од јануари до март

Продавници со алкохол во Франција мора да нудат и алко-тестови

Продавници со алкохол во Франција мора да нудат и алко-тестови