Продавници со алкохол во Франција мора да нудат и алко-тестови

Продавници со алкохол во Франција мора да нудат и алко-тестови

Продавниците во Франција од летово ќе бидат обврзани да ги прикажат тестерите на посебно место, вклучувајќи тестови на хемиска основа и електронски тестови. Овие уреди мора да се наоѓаат веднаш покрај најголемата полица со алкохолни пијалоци или покрај касата.

Од онлајн-продавниците се бара да прикажат соодветен банер на страницата за потврда за нарачката, којшто ќе покажува дека продавницата нуди и тестови за алкохол.

Прекршувањето на обврската ќе се казнува со парична казна во висина меѓу 675 и 1.875 евра.

Франција во 2019 година започна национална програма за вградување уреди што оневозможуваат стартување на моторот доколку возачот е во алкохолизирана состојба – за возачи што повеќепати направиле прекршок и возеле со прекумерно присуство на алкохол во организмот. Во првите девет месеци од минатата година биле поставени околу 1.500 вакви уреди.

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!

Претходна објаваВо светот во 2030 година ќе возат 145 милиони електрични возила
Следна објаваGR010 Hybrid: Тоа е новиот главен тркач на Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here