Британски возачи ценат дека Suzuki е најиздржлива марка

Во истражувањето што секоја година го спроведува британскиот магазин What Car, еден од медиумите чијашто веродостојност се темели врз гласот на читателите, Suzuki годинава се најде на првото место, како марка возила што најмалку ги изневеруваат своите корисници.

Suzuki има убави вести за соопштување од „островот“. Во редовното годишно истражување на британскиот магазин What Car? , за издржливоста на возила стари меѓу шест и 20 години, јапонската марка со европска фабрика, се докажа како шампионка. Во истражувањето учествуваа повеќе од 25.000 читатели, споделувајќи го своето корисничко искуство.

Од 30 марки што се опфатени во истражувањето, Suzuki е на врвот со 94,7 проценти возила, за коишто корисниците одговориле дека немале поголем проблем со возилото. Корисниците беа прашани, дали имале дефект со својот автомобил во последните две години. Тие одговараа и на прашањата, колку долго траела поправката и колку чинела истата.

Suzuki е прва меѓу марките, но и во две од класите што се опфатени посебно во истражувањето, марката е меѓу 10-те најиздржливи. Моделите за коишто станува збор се Vitara (од 2015 година наваму), којашто е втор најиздржлив модел во класата на мали СУВ-возила со резултат од 99,3 проценти, и со само шест проценти од корисниците што пријавиле проблеми со својот автомобил во изминатите две години. Во сите пријавени случаи, возилата биле во возна состојба, и во најголемиот број, проблемот бил остранет уште истиот ден.

Вториот модел е Swift (2010 – 2017), со резултат од 98,1 проценти. Клер Еванс, уредничка на редакцијата за корисници на What Car? Кажува: „Swift можеби не е најпродаван градски автомобил, но има многу да понуди, вклучувајќи одлични возни својства, пристојна просторност и високи оцени за безбедност. Исто како останатите модели на Suzuki, тој е отпорен на дефекти.

Само шест проценти од Suzuki Swift во истражувањето имале дефект, а најчесто се работи за испразнет акумулатор. „Нема сметка за сервис што надминува 100 фунти“, посочува Еванс.

Издржливост по марки, за возила стари меѓу шест и 20 години, според What Car?

1. Suzuki 94.7%
2. Lexus 92.7%
3. Toyota 91.7%
4. Honda 90.7%
5. Kia 89.6%
6. Mitsubishi 87.5%
7. Mazda 86.6%
8. Hyundai 85.9%
9. Skoda 83.4%
10. Seat 83.1%
11. Dacia 82.9%
12. Alfa Romeo 82.7%
13. Volvo 81.7%
14. Audi 81.2%
15. Porsche 81.0%
16. BMW 80.5%
17. Renault 79.5%
18. Ford 79.4%
19. Volkswagen 77.9%
20. Vauxhall 77.4%
21. Mini 77.3%
22. Nissan 77.1%
23. Jaguar 76.9%
24. Fiat 76.5%
25. Peugeot 75.7%
26. Subaru 75.6%
27. Mercedes 75.1%
28. Tesla 69.2%
29. Land Rover 61.3%
30. Citroën 60.3%

Видеото од нашиот тест на потрошувачка за хибридната изведба на Vitara

Претходна објаваAlfa Romeo Tonale во возниот парк на карабиниерите
Следна објаваRenault ги подига плановите, расте побарувачка за Austral

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here