за

Suzuki вели дека е време за нов Swift

Тоа е еден од најгласните тивки модели на сцената. Suzuki Swift со генерации ги застапува истите вредности, што се базираат на добра техника и одлична цена. Доаѓа нова генерација.

Јапан Мобилити Шоу 2023 ќе биде настанот на којшто корпорацијата Suzuki Motor ќе го прикаже новиот Swift, засега во форма на концептен автомобил. Јапонскиот производител најавува уште три светски премиери на салонот што се одржува кон завршетокот на октомври.

Многу новини од Suzuki за Јапан Мобилити Шоу, што го организира јапонското здружение на производители на автомобили. На настанот во Тојота Биг Сајт, што почнува на 26-ти октомври и трае до 5-ти ноември, секако дека главната новина е Swift Concept. Автомобилот се води како концепт меѓутоа е сосем извесно дека Јапонците веќе го прикажуваат крајниот изглед на својот важен модел.

Suzuki засега наведува само општи факти околу новиот модел и вели дека со концептот „предлага нова вредност за Swift, којшто отсекогаш бил развиван со придржување кон концептот на ‘вози и чувстувај’“. Во новата генерација на Swift може да се очекува уште еден чекор напред во насока на штедливоста и чистиот издув – секако имајќи предвид дека Suzuki уште во најраниот стадиум го вгради благиот хибриден погон, којшто сега е стандард во целата бранша и во сите класи, вклучувајќи и луксузни авотмобили од типот на Mercedes E-Class.

Уште една општа најава е дека новиот автомобил, покрај дизајнот и уживањето во возењето, предлага и нова вредност на „забава со автомобилот и во секојдневниот живот.“

Тоа што е тема кај тековниот модел – системите за асистенција – продолжува и во новата генерација. Suzuki најавува систем DSBSII (Dual Sensor Brake Support) за спречување судир, како и автоматско долго светло и предупредување при замор.

Тоа што се забележува во дизајнот е впечатливо нискиот нос, со препознатливата форма на светлата и маската, но со нова контура на хаубата, што врти полукружно. Логото на марката е поставено под хаубата. Уште еден впечатлив детал е продолениот раб од линијата хаубата кон опашот. Единствената фабричка фотографија засега, создава впечаток дека и опашот е мошне широк, што укажува на проширена трага на тркалата и нагласок на динамиката.

Suzuki воедно одржува стратешка соработка со Toyota, така што се можни и поголеми изненадувања кај новиот Swift.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од британските царини за автомобилите од ЕУ ќе имаат корист само Кинезите

Toyota ќе воведе револуција во производството на електрични автомобили