Неколку месеци пред да го одбележи 20-годишното постоење како увозник на марката Сузуки на македонскиот пазар, тимот на Миркат се обедини во акција за чистење на кејот на Вардар, придружувајќи се на глобалниот настан во којшто учествуваат сите увозници на јапонската марка ширум светот, а пред одбележувањето на Денот на океаните во почетокот на јуни.
Сузуки е марка што е неразделна од македонската автомобилска сцена, исто како и од мотоциклите, а веќе трета година на домашниот пазар ги нуди и вонбродските мотори на Сузуки Марин. Како што најави директорот Љубе Нешовски, Миркат во текот на летово ќе го одбележи 20-годишното постоење како увозник на Сузуки.
Соодветна подготовка за тимот на Миркат пред јубилејот беше акцијата за чистење на кејот на Вардар во близина на продажно-сервисниот центар на Сузуки, што беше спроведена во четвртокот на 21-ви мај. Сузуки полага големо внимание во заштитата на водите, секако имајќи предвид дека потекнува од островска земја, а дополнително е важно име и во светот на вонбродските мотори.
И автомобилите на Сузуки, со својата ниска потршувачка на гориво и чиста емисија, придонесуваат за заштитата на животната средина. Свифт во новата генерација се докажа како еден од најштедливите автомобили на тест во Аутомедиа. Витара е вечно име во светот на СУВ-моделите и во тековната генерација има постигнато преку 1.000 продажби на македонскиот пазар. Само во минатата година биле испорачани преку 150 примероци од Б-СУВ моделот.
Во моментов е актуелна една друга Витара, е-Витара, целосно електрична генерација на моделското име што го изгради имиџот на Сузуки. Електричната Витара користи сосем различна платформа, наменета само за електричен погон. Во Аутомедиа веќе го преставивме моделот, а податоците за истиот се достапни и на вебсајтот на Сузуки.
Сузуки Витара доби електрична изведба, првите возила доаѓаат во април
















