Големите попусти може да ги уништат автомобилските компании, вели шефот на Стелантис

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, се соочува со критики по објавувањето на разочарувачките финансиски резултати за годинава.

Стелантис постигнува висока профитабилност и со тоа е заштитен од ценовната војна, којашто може конкурентските компании да ги доведе во незавидна ситуација.

Концернот Стелантис ќе се држи настрана од ценовната војна, којашто би можела да ја уништи профитабилноста, вели извршниот директор Карлос Тавареш.

Компанијата создадена со соединување на ПСА Пежо Ситроен и Фиат Крајслер Аутомобилс, спаѓа меѓу најпрофитабилните во браншата и заштитена е од трендот на скусување на цените, што може некои од конкурентите „да ги доведе во непогода“ и во ризик да станат цел за преземање од другите компании, кажа Тавареш.

„Ако почнете да ги скусувате цените и ја изгубите реалноста околу сопствените трошоци, ќе си предизвикате крвопролевање. Се обидувам да избегнам трка до дното,“ кажа шефот во петокот, за време на претставувањето на новата платформа на Стелантис, што е наменета за електрични автомобили од повисоките класи.

„Познавам компанија што брутално гиу скуси цените и нивната профитабилност колабираше брутално,“ додаде Тавареш, без да наведува за која компанија се однесува тоа.

Тесла во минатата седмица повторно ги скуси цените за својот Модел Ипсилон на пазарите ширум Европа, по една седмица откако компанијата го стори истото во Кина, со цел да се соочи со неизвесноста околу побарувачката на електрични возила.

Влијание на изборите во САД и ЕУ

Тавареш исто така наведе дека претстојните избори во САД и Европа годинава, ќе решаваат со која брзина тој го остварува својот план да вложи 30 милијарди евра во електрични возила. Трошењето или ќе се забрза или ќе забави, зависно од тоа кој ќе биде избран, порача Тавареш.

„Немам сценарио за таков случај во којшто би запрело вложувањето, затоа што мораме да го решаваме проблемот со глобалното затоплување“, вели шефот.

Стелантис е побавен во проширувањето на понудата од ЕВ модели во САД, во споредба со своите соперници од Детроит. Првиот целосно електричен СУВ-модел на Џип за пазарот во САД (во Европа веќе се нуди Авенџер) и пикап од марката Рам, ќе почнат со продажба годинава.

Форд и Џенерал Моторс го забавија вложувањето во ЕВ во изминатите месеци, откако купувачите на автомобили во САД покажаа смален интерес за ЕВ, поради високите цени и слабата мрежа од полначи.

Претседателот на САД, кој направи брзото преоѓање на ЕВ да стане средишна точка во неговата програма, заостана за 5 процентни бодови зад поранешниот претседател Доналд Трамп, во анкетата спроведена во седум сојузни држави во минатиот месец, од страна на Блумберг Њуз/Морнинг Консалт.

Производителите на автомобили се противат на напорите на владата на Бајден, за да се намали потрошувачката на гориво и наведуваат дека поради построгите прописи би им предизвикале казни во висина од милијарди долари.

Изборите во Европа се одржуваат во јуни и исто така може да претставуваат ризик за преоѓањето на електрични возила, доколку новиот парламент одлучи да продолжи со ублажување на законите што одат во прилог на ЕВ.

Електрична Опел Мока во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар

Opel Mokka Electric Elegance

Германија лани доведе речиси до повлекување на законот, со своето лобирање за е-горивата да бидат опфатени во регулативата на ЕУ, за нови возила со мотор со внатрешно согорување повеќе да не се регистрираат во ЕУ по 2035 година.

Претходна објаваМерцедес еСпринтер минува во град 530 километри на струја
Следна објаваГрејт Вол Мотор први Кинези што произведуваат електрични возила надвор од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here