Италијанските фабрики за автомобили повторно ја качуваат продукцијата

Новите модели придонесоа за зголемување на производството во фабриките на концернот Стелантис во Италија.

Воведувањето на новиот Џип Компас придонесе за зголемување на производството на автомобили во Италија.
  • Стелантис годинава ќе произведе 500.000 возила во Италија, што е значителен раст во споредба со 380.000 возила во минатата година.
  • Порасна продукцијата во сите фабрики, освен во Касино, каде што имаше пад од 37 проценти.
  • Работничкиот синдикат не се противи за Липмотор да произведува во Италија, доколку тоа значи сочувување на работните места.
  • Извршниот директор Антонио Филоса ќе ја претстави новата стратегија на компанијата на 21-ви мај.

Стелантис во 2026 година планира да произведе 500.000 возила во Италија, наспроти 380.000 возила што беа произведени во минатата година. Концернот бележи зголемена побарувачка за новите модели од марките Фиат и Џип, соопшти работничкиот синдикат ФИМ-ЦИСЛ.

Во првото тромесечје, производството на патнички и доставни возила пораснало 9,5 проценти и достигнало 120.366 возила, јавува синдикатот.

Производството на патнички автомобили забележило раст од 22 проценти и 73.841 возила. Тоа во голем дел е заслуга на новиот Фиат 500 Хибрид, што се произведува во фабриката Мирафиори во Торино, како и на новиот Џип Компас, што излегува од фабриката во Мелфи. Двата модели треба наскоро да се појават и на македонскиот пазар.

„Во првото тромесечје порасна производството во сите фабрики, со исклучок на Касино,“ каде што се произведуваат моделите на Алфа Ромео и Масерати, соопшти Фердинандо Улиано, секретар на синдикатот ФИМ-ЦИСЛ на конференцијата за медиуми.

Синдикатот редовно ги објавува прогнозите за производството на Стелантис во Италија, што производителот не ги оспорува.

Италија се опоравува од најниското ниво на продукција на автомобили во минатата година, по средината на 1950-те. Продукцијата во првиот квартал опадна за една четвртина, што предизвика сомнежи за можно затворање на фабрики.

Стелантис, исто како повеќето европски производители, се соочува со притисоци од строгите закони за намалување на емисијата на ЦО2, како и од заострената конкуренција од кинеските соперници, посебно БИД.

Концернот започна со производството на новиот Фиат 500 Хибрид во последните месеци од 2025 година. Тоа беше своевиден спас за историскиот дом на моделот во Торино, откако укинувањето на субвенциите на неколку големи пазари во ЕУ ја погоди продажбата на електричната верзија на Фиат 500.

Новиот Фиат 500 Хибрид доаѓа во Македонија следното лето, засега е главна Гранде Панда

Фабриката во Мелфи во првите три месеци ја зголеми продукцијата речиси двојно, на 17.110 возила, додека од Мирафиори излегоа 14.040 возила, што е 42% повеќе од лани.

Наспроти тоа, продукцијата во Касино опадна за 37 проценти, на 2.916 возила, поради тоа што компанијата го одложи развојот на новите генерации на Алфа Ромео Стелвио и Џулија, посочи Улиано, додадавајќи дека ситуацијата е „мошне загрижувачка“.

Компанијата со 14 марки во своето Портфолио, вклучувајќи ги Масерати, Пежо и Опел, се најде под притисок од Рим, да не затвора фабрики во Италија. Извршниот директор Антонио Филоса го преиспитуваше работењето на компанијата во светот и ќе ја претстави својата нова стратегија на 21-ви мај.

Синдикатот се сложува за Липмотор да се произведува во Италија

Стелантис истражува начини да ја зголеми соработката со својот кинески партнер Липмотор. Откако почна со монтажа на возила во Полска, Липмотор планира во текот на годинава да започне со монтажа и во фабриката на Стелантис во Сарагоса, Шпанија.

Автонова стартуваше со продажба на Липмотор, поради субвенцциите прво во Србија

Улиано кажа дека синдикатот не се противи за италијанските фабрики да започнат со производство на автомобили на Липмотор, за да се сочуваат работните места, посебно во Помиљиано, во близина на Неапол.

„Без разлика дали тоа ни се се допаѓа или не, Лимотор сега е реалност во групацијата Стелантис“, вели Улиано. „Ние исто така сме кандидати“ доколку се реши модел на Липмотор да се произведува во Италија, додаде тој.

Претходна објаваШефот на Форд стравува дека Кинезите ќе му го преземат пазарот
Следна објаваМерцедес отвора авто-бутици во најголемите градови во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here