Шефот на Стелантис предлага различни мерки за обновување на возниот парк, место со електрични автомобили

Во пресрет на важната средба меѓу законодавците на ЕУ и автомобилската индустрија во Брисел, концернот Стелантис предлага два начини за да им се скуси емисијата на штетни материи на производителите, а тоа да не се поврзува со скапите батериски електрични автомобили.

Фиат Пандина е еден од најдостапните автомобили во Европа, но цената во Италија пак ѝ надминува 15.000 евра. Европскиот шеф на Стелантис предлага да се воведат нови правила за поттик на малите и достапни модели.

Првиот предлог е да се создаде механизам за компензација на емисијата на ЦО2, со којшто на производителите на автомобили, за секој стар автомобил што ќе го откупат и ќе го пратат на рециклирање, ќе им се одземат по 70 грами ЦО2 од емисијата на секој продаден нов автомобил или користен автомобил стар до три години. Тоа го предложи шефот на концернот Стелантис за Европа, Жан Филип Импарато, во интервју дадено за време на салонот ИАА во Минхен.

Вториот предлог е да се создаде нова категорија на возила, во којшто ќе спаѓаат автомобили долги до 3,5 метри и за коишто ќе важат поблаги стандарди за безбедност, во споредба со стандардите за поголемите авотмобили. На тој начин ќе се овозможи цена под 15.000 евра.

Импарато соопшти дека двете идеи веќе се поднесени до европското здружение на производители на автoмобили АЦЕА, каде што истите наишле на различни реакции. Европската Унија и претставници на автомобилската индустрија ќе одржат средба во Брисел на 12-ти септември, на којашто ќе се разговара за следните чекори на стратешкиот дијалог за иднината на автомобилската бранша.

АЦЕА и КЛЕПА, здружение на прозиводители на делови за автомобили, се надеваат на промена во законите со коишто ќе се дозволи по 2035 година да се продаваат само електрични автомобили во Унијата. Тие напоменуваат дека овие резултати не може да се постигнат без масовни отпуштања од браншата.

Стелантис предлага да се декарбонизира постоечкиот возен парк

Импарато кажа дека Европа мора да го обнови својот возен парк, но без да се ограничува само на батериски електрични авотмобили. Тој вели дека и во случај електричните автомобили да достигнат пазарен удел од 30 проценти, тоа ќе бидат само 4,5 милиони автомобили годишно, додека по патиштата низ Европа возат преку 250 милиони автомобили.

Просечната старост на автомобилите во Европа е 12 години, при што 150 милиони се постсари од 10 години. Со таа динамика на замена на старите со нови автомобили, возниот парк ќе старее практично по еден месец секоја година.

Замената на автомобил што е постар од 10 години со нов или користен што е стар до 3 години, ќе ја скуси емисијата за 70 грами ЦО2 на километар, укажува Импарато. Производителите на автомобили ќе можат на тој начин да одземат по 70 грами ЦО 2 од емисијата на секој продаден нов автомобил.

„На тој начин, на производителите ќе им се овозможи да ги постигнат целите за ЦО2, без да плаќаат казни и без да добиваат субвенции од властите,“ кажува Ипарато.

Европа ќе добие достапни малечки автомобили по пример на Бразил

Предлогот да се оформи нова категорија за малечки автомобили веќе е поднесен од страна на поранешниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, и истиот доби поддршка од претседателот на Стелантис, Џон Елкан. Во тој план беа земени како пример јапонските микро-автомобили, за во Европа да се создаде нова категорија малечки електрични автомобили со достапна цена.

Импарато, сепак, предлага во можната идна категорија малечки возила да бидат вклучени модели со бензински мотор, слично со практиката на Каро Популар во Бразил.

Тој вели дека на овој начин ќе се овозможат автомобили што ќе се продаваат по цена под 15.000 евра. Во таа ценовна категорија има само неколку модели. Во 2018 година, по таа цена беа достапни 49 модели во Европа, а денес одвај дека постои таков модел, посочи Импарато.

Дачиа Спринг, на пример, произведувана во Кина, чини 14.900 евра во Италија, додека најдостапен модел на Стелантис е Фиат Панда, што стартува од 15.950 евра со благ хибриден погон.

Видеото од тестот на Донгфенг Еолус Шајн, најдостапната лимузина на македонскиот пазар

„Со правилата за хомологација во 2018 година, во Европа се продадоа еден милион мини автомобили по цена под 15.000 евра, а сега сме на 90.000 примероци“, со таа цена, укажува Импарато.

Тој цени дека новите модели под 15.000 евра ќе го заживеат сегментот на мини автомобилите во Европа, којшто во минатата година опадна за 22 проценти, на 545.500 возила.

Претходна објаваБи Уај Ди потврди дека Долфин Сурф ќе биде првиот модел произведен во Европа
Следна објаваШкода го чепка пазарот со концепт на електрична Октавиа Комби

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here