
Концернот со 14-те марки околу Пежо и Фиат објави цела низа договори за соработка како дел од новата долгорочна стратегија, вклучувајќи парнерство со Џагјуар Ленд Ровер (ЈЛР) во САД и со Тата Моторс во Индија.
Аналитичарите претпоставуваа дека соработката ќе се прошири и во Европа, додека Стелантис е во потрага по партнер со којшто ќе развива нови технологии, посебно за модели од повисоките класи.
Капелано напомена дека не е планирано, заедничките инвестиции со ЈЛР и Тата да се прошируваат и во Европа.
„Немавме намера во овие заеднички инвестиции за САД и за Индија да ја вклучиме Европа,“ изјави тој на конференцијата за медиуми на 29-ти мај во Торино, каде што Капелано зборуваше за бизнис плановите, што Стелантис ги објави во минатата недела и што важат за европскиот пазар.
„Доколку има некаква корист од тоа, на пример, за некој модел, можно е да го земеме тоа предвид, но во моментов тоа не ни е главен интерес,“ кажа тој.
Капелано во минатата недела кажа дека Стелантис разгледува можности, за идните големи модели на својата европска премиум марка Алфа Ромео, да ги постави или на сопствена платформа или на платформа што ќе ја развива во партнерство.
Алфа Ромео планира до 2030 година да пушти два нови модели од средна класа, но не објави точни датуми за новитер верзии на спортската лимузина Џулија и на СУВ-моделот Стелвио.
Капелано кажа и дека Стелантис размислува да понуди на европскиот пазар модел од марката Џип, што би се произведувал во Кина со партнерот Донгфенг, и којшто би се продавал во умерени бројки.
Стелантис и Донгфенг во мај потпишаа договор за соработка вреден 1 милијарда евра, за производство на модели под марките Пежо и Џип во Кина, коишто ќе се продаваат и на домашниот пазар и на извозните пазари.
Двете компании исто така објавија планови за соработка во Европа, вклучувајќи производство, дополнително на партнерството меѓу Стелантис и кинескиот партнер за електрични возила Липмотор.















