Стелантис и Донгфенг, долгогодишен партнер на концернот во Кина, во петокот потпишаа договор вреден 1 милијарда евра, за модели од марките Пежо и Џип да се произведуваат во Кина. Најавено е натамошно проширување на соработката.
Договорот опфаќа заеднично вложување во висина од преку 8 милијарди јуани, односно околу 1 милијарда евра. Уделот на концернот Стелантис изнесува околу 130 милиони евра.
Партнерите за оваа инвестиција ќе добијат помош од централно кинеската провинција Хубеи и градот Вухан, во рамки на програмте за индустриска поддршка, соопштија компаниите.
Договорот претставува дел од новата долгорочна стратегија на концернот Стелантис, којшто покрај покривање на кинескиот пазар, опфаќа и извоз на возилата што ќе се произведуваат во Кина. Извршниот директор Антонио Филоса ќе ја објави стратегијата на 21-ви мај.
Коцернот Стелантис со 14-те марки околу Пежо и Фиат, има за цел да стартува со нова стратегија на најголемиот автомобилски пазар во светот, да ја преиспита својата мрежа од фабрики и да истражува можности за проширување на соработката со Донгфенг надвор од Кина.
Стелантис и Донгфенг потпишаа и необврузвачки стратешки договор „за понатамошно зајакнување на нивната соработка, преку соединување на капацитетите на двете страни, на експертизата и на развојот на технологија“, наведе Стелантис во соопштението.
Кинските производители на автомобили имаат големи интереси да се вклучат во производствените капацитети во Европа, што работат со слаба искористеност, со цел да воспостават локално производство и да обезбедат нивно ширење на европскиот пазар.
Филоса повеќепати нагласи дека партнерствата ќе бидат дел од идната стратегија.
Стелантис во минатата недела соопшти дека ќе стартува со заедничко производство на возила во Европа со својот кинески партнер Липмотор. Концернот во моментов се грижи за дистрибуцијата и продажбата на возилата на Липмотор што се произведени во Кина, на европскиот пазар. Со новиот договор, соработката ќе се прошири во производството.
Стелантис во минатиот месец наведе неколку елементи од договорот со Донгфенг, вклучувајќи производство на возила под марката Пежо, во коишто ќе се користи технологија на кинескиот партнер.
Компаниите во петокот наведоа дека планираат да произведуваат два теренски модели со електрифициран погон под марката Џип, во фабриката на ДПЦА во Вухан. Овие модели ќе бидат наменети и за извоз, стартувајќи в година.
Овој чекор означува и враќање на производството на Џип во Кина, откако Стелантис и ГАЦ, поранешен партнер на Фиат Крајслер, го прекинаа производдството во 2022 година. Возилата на Џип оттогаш се увезуваат во Кина.
„Со соработка што трае преку 30 години и со заедничка автомобилска експертиза, Стелантис и Донгфенг се подготвени да ги здружат своите сили и да стартуваат со сосем нови модели со најнапредна технологија на електричен погон,“ соопшти Филоса.
Донгфенг поседува малку над 1% од акциите во Стелантис и со децении вложуваше во тогашниот ПСА, што по здружувањето со Фиат Крајслер во 2021 година го создаде концернот Стелантис.
















