Електричното Поло ГТИ сака да го претрка Голф ГТИ

Ова ГТИ е различно, затоа што вози речиси нечујно, а со перформансите пак се вмешува во регијата на спортските автомобили. Фолксваген го пушти ИД. Поло ГТИ, чисто електрично.

Фолксваген ги комбинира големото моделско име Поло и големата моделска ознака ГТИ, со новата ознака која штотуку има почнато да се докажува, со ознаката ИД, што се користи за моделите со електричен погон. Таа комбинација се води како ИД Поло ГТИ и нуди 226 КС.

Волфсбург не сака да го изгуби култот на ГТИ во време кога електричните автомобили се повеќе од реалност и со ИД Поло ГТИ сака да докаже дека тој култ може да се одржува и со целосно електричен автомобил. Тоа може да му успее на Фолксваген, откако светот научи дека тоа што му се допаѓа кај електричниот погон е пред сé различното чувство во возење.

ГТИ ознаката на штотуку воведеното ИД Поло, електричниот брат на вечниот бензински Поло, му донесе маска со крупен растер од отвори како пчелино саќе, спортско подвозје и електрични 226 КС. Но, за ИД Поло да стане ГТИ, потребно е уште многу. Што друго направи Фау Ве?

Почнува уште од воланот, од главниот возачки алат, покрај педалите. Спортскиот волан е здебелен, како во Голф ГТИ пред 20 години. Надворешноста го познава култот на трите букви и прикажува маска со изглед на пчелино саќе, долу во браникот, големи тркала што потсетуваат на телефонски бирач од времето на првиот ГТИ, спортски седишта со крупна каро-мустра.

Единствено што отстапува од шемата е погонот, а токму тој го направи големото име на спортската изведба на Голф пред точно 50 години.

Во моментов не постои друг избор, освен електрично Поло ГТИ, затоа што бензинското силно Поло со дволитарскиот мотор штотуку престана да се произведува. Сé е препуштено на ИД Поло ГТИ.

Техниката е позната уште од претходно, конкретно од Купра Равал ВЗ. Во најсилната изведба на шпанското автомобилче на струја работи електромотор АПП390, а сега и во најбрзото електрично Поло. Двата модели се произведуваат во Марторел.

Електромоторот испорачува 226 КС на предната оска, култивирајќи ги преку електронски регулирана механичка блокада на диференцијал. Истата техника се користи и кај поголемите модели на Фолксваген и Купра. Блокадата не врши зафати во сопирачките, за да ја намали силата во внатрешното тркало при влегување во свијок, туку зафаќа механички, користејќи ламелеста спојка.

Тоа секако дека е подоброто решение. Електронската контрола придонесува за попрецизна и пофина реакција, во споредба со чист механичките блокади. Кусо, ИД Поло ГТИ во свијоци треба да вози буквално како по шина.

Подвозјето е половина скалило под вистинскиот Голг ГТИ, со неговата мултилинк оска, затоа што тука работи торзиска задна оска. Сепак има дополнителна помош, од приспособливите амортизери. Така се добива добра средина за да се пуштат на дело 226 КС и 290 њунтметри, од автомобил долг околу 4 метри и тежок 1,6 тон.

За возните својства придонесува и тенката батерија од сопствено производство на Фау Ве, со големина од 52 кВч, што е вградена долу долж целиот под на кабината. Таквата конструкција дозволува простороност и за патници и за багаж. Дебелата средишна конзола отпаѓа, место тоа има простор за одлагање.

Главното е сепак во спортските седишта со крупен каро-растер, како што треба кај ГТИ. Електричното сервоуправување работи прогресивно. На спортскиот волан се покажува копче ГТИ, што свети. Тоа служи за вклучување на режимот ГТИ, кога се менува работата на управуањето, на педалата за возење и на амортизерите. Исто се влијае и врз блокадата на диференцијалот.

Спринтот до темпо сто трае 6,8 секунди, но брзината само до 175 км/ч

Светот на спортското возење на ИД Поло ГТИ се состои од спринт до темпо сто за 6,8 секунди, но и ограничување на 175 км/ч, за возењето да трае подолго. Брзината се надоместува на брз полнач, каде што електро ГТИ-то полни со максимално 105 кВ. Половина час е најмногу што ќе биде потребно да се стои на полнач. Според фабрика и според светската норма, досегот изнесува 424 километри.

Тоа што му дава шанса на ИД Поло ГТИ е умереноста во дигитализацијата, во технолошкото владеење, но затоа и врвната компетентност на концернот Фолксваген, да направи автомобил што вози добро, па и на струја. И стилот одговара.

Претходна објаваCHERY ЗА МАКЕДОНИЈА! Го одбележуваме Денот на ракометот и навиваме! 🤾
Следна објаваДонгфенг ќе произведува модели на Пежо и Џип во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here