за

Во автомобилите на концернот Stellantis ќе забавува Amazon

Stellantis ќе соработува со Amazon во развојот на новата дигитална платформа за возилата од марките на концернот.

STLA SmartCockpit, новата дигитална платформа на концернот Stellantis, ќе почне да се вградува во моделите на Peugeot, Citroen, Opel, Fiat & Co почнувајќи од 2024 година.

Amazon е партнер на Stellantis во развојот на софтверот за STLA SmartCockpit, што ќе се вградува во сите 14 марки од концернот. Услугите што ќе бидат достапни преку инфо-забавниот систем, како и корисничкиот интерфејс, односно начинот на ракување со менијата и графиката на самите дисплеи, ќе се разликува од марка до марка. 

Платформата STLA SmartCockpit ќе се користи од 2024 година за производите и услугите што Amazon ги развива посебно за примена во автомобили. Платформата што се базира врз примена на напреден софтвер ќе нуди, меѓу другото, говорен асистент Алекса, стриминг на музика, навигација, сервисирање на возилото, пристап до e-продавници и најразлични услуги за плаќање.

Системот користи вештачка интелигенција и пристапува до податочен облак, ги учи навиките и потребите на корисничката или корисникот, со цел да понуди начин на ракување со функциите на возилото што се точно скроени за конкретниот корисник. Семејните возила ќе нудат еден вид планер за излети, што ќе ги препорачува знаменитостите, рестораните и други интересни или корисни одредишта.

Новиот Peugeot 308 веќе нуди понапредно ниво на дигитален i-Cockpit, вклучувајќи приспособливи функции што се достапни преку i-Toggles

Во моделите на Jeep, на пример, ќе се вградува дигитален „тренер за теренско возење“. Во возилата ќе може да се вчитаат нови апликации и функции, исто како кај телефоните. Секако дека тоа важи и за обновувањето на софтверот, што ќе се врши „преку воздух“, односно Over-the-Air (OTA). 

Во соработката е вклучен и Mobile Drive, заедничката компанија на Stellantis и Foxconn, што беше основана лани, со цел да се развива дигитален кокпит и вмрежени услуги.

>>> Peugeot 308 за лавовски почеток на годината

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Рекорд на Rolls-Royce, лани испорачани повеќе од 5.000 автомобили

Honda пушти онлајн речник за поимите од хибридниот и електричниот погон