Батериите на електричните автомобили траат подолго отколку што се мислеше, открива студија на Стенфорд

Автори на студијата: (од л.) Симона Онори, Деви Ганапатиу, Алексис Геслин, Ле Шу и Вилијам Чуи во СЛАЦ Стенфорд Центар за Батерии. Фото: Jim Gensheimer / SLAC National Accelerator Laboratory

Начинот на којшто електричните автомобили се возат во секојдневието нема толку дегенеративно влијание врз батериите, како што тоа е случај при тестирањата во лабораториски услови. До тој заклучок дојде најновото истражување, коешто открива дека батериите сепак траат подолго отколку што досега се мислеше.

Научниците од Центарот за батерии на СЛАЦ-Стенфорд, што е заеднички проект на Институтот за Енергија при Универзитетот Стенфорд и Националната Акцелераторска Лабораторија СЛАЦ, ја испитуваа метриката што укажува на здравјето на тестираните батерии, преку два различни видови на полнење и празнење.

Едниот вид се користи почесто во лабораториите, кога батериите се полнат и празнат со користење на константна струја. Другиот вид се состои од полнење и празнење што поверно ги следи условите на возење во секојдневието, со фази во коишто батеријата е активна, па мирува, и тоа се нарекува динамичен циклус.

Според објавата во научното списание Нејчр Енерџи од 9-ти декември, научниците откриле дека батериите што се изложени на подинамични циклуси на полнeње и празнење покажуваат поздрава метрика. Се мери, меѓу другото, количината на литиум и разградувањето на електродите.

„Доколку сакате прецизна процена на здравјето на вашата батерија, треба да се потпрете на податоците што се добиени во реални услови,“ кажува Алексис Геслин, автор на трудот и докторант на Стенфорд.

Резултатите се охрабрувачки за возачките и возачите што се под стрес, дека ќе треба да се соочат со моментот, кога ќе мора да ја заменат скапата батерија на електричниот автомобил. Во студијата што Ернст енд Јанг ја објавија во септември беше наведено дека трошоците за замена на батеријата и пристапноста до јавни полначи се главна причина поради којашто купувачите се воздржуваат од купување електричен автомобил.

Купувачите во студијата слушале хорор сценарија за случаи кога замената на батеријата чинела меѓу 5.000 и 16.000 долари, надвор од гаранцискиот рок, покажуваат податоците со коишто располага Рикарент. Ретките случаи кога имало потреба да се замени батеријата влеваат страв и влијаат врз решеноста на купувачите да изберат електричен автомобил, и покрај фактот што батериите на електричните автомобили е сосем извесно дека траат по 12 и повеќе години, зависно од климата и од користењето на возилото, објавува Министерството за Енергија на САД.

Геслин кажува дека тимот не бил сигурен дали производителите користат шаблони или податоци во вистинско време, кога го прикажуваат здравјето на батеријата во дисплејот на возилото, меѓутоа наведува дека во повеќето од тестовите на батерии се користат лабораториски услови што се повеќе дегенеративни за батеријата.

Инженерите за батерии користат константна струја кога тестираат како новите зафати влијаат врз здравјето на батеријата. Тоа значи дека автомобилската индустрија досега ги оценува својствата на новите батерии користејќи нецелосна информација.

„Покрај тоа што користат мошне константна струја, лабораториските тестирања се и забрзани – тоа не се случува во реалноста,“ објаснува научникот. „Во вистинскиот живот, имате матрица на возење што е мошне динамична.“

Пристап до објавата на научниците

Existing EV batteries may last up to 40% longer than expected – Постоечките батерии за електрични автомобили може да траат и до 40% подолго од очекувањата

⇒ https://news.stanford.edu/stories/2024/12/existing-ev-batteries-may-last-up-to-40-longer-than-expected

Научниците во изминатите две години испитувале четири различни профили на празнење на батерија, кај 92 комерцијални литиум јон батерии. Тие дојдоа до заклучок, дека колку е пореално полнењето и празнењето на батеријата, толку и здравјето на батеријата е подобро.

Резултатот е неочекуван, затоа што научниците веруваа дека брзите пулсови на полнење и празнење во динамичен циклус ќе водат кон брза деградација.

„Некој би помислил“ дека „тоа не може да биде во корист,“ кажува тој. „Но, тоа што го видовме е друго.“

Првото видео од големата тура низ цела Македонија со електрична Тојота

Геслин порачува дека е потребно пообемно истражувањет, за да се разбере зошто тие брзи пулсови имаат позитивно влијание врз честичките.

„Немаме пристап во внатрешноста на батеријата, за точно да знаеме што се случува лошо и што се случува добро,“ објаснува Геслин. “Можеме да кажеме дека динамичноста е мошне комплексна.“

Претходна објаваКако Ситроен заслужи цела Ајфелова Кула да светне со неговото име пред сто години
Следна објаваГерманија се сети дека со укинувањето на електро-субвенциите ѝ наштети на сопствената автомобилска индустрија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here