Зошто се јавија сомнежи околу рекордните 533 km/h на Tuatara?

Зошто се јавија сомнежи околу рекордните 533 kmh на Tuatara

Американскиот производител SSC North America пред неколку недели објави дека постигнал 532,93 km/h и предизвика светска сензација. Хиперспортскиот автомобил SSC Tuatara со своите 1.774 КС постави бринзки рекорд за сериски автомобили на јавен пат во пустината во Невада.

SSC North America си обезбеди запис во Гинисовата книга на рекорди со просечната брзина од 508,73 km/h. Сепак постојат сé повеќе сомнежи дека Tuatara навистина постигнала највисока брзина од 532,93 km/h.

Сомнежите почнаа откако британскиот јутјубер Шми150 укажа на неколку нелогичности во видеото од ловот на рекорди што го објави Топ Гир. Во манир на вистински детектив, Шми150 ги анализираше растојанијата, ги пресметуваше брзините, ги спорeдуваше снимките од SSC Tuarara со снимките од досегашниот рекордер Koenigsegg Agera RS, на истата патека.

Британецот дури ги пресмета и преносните односи во менувачот и крајните брзини што можат да се постигнат. Тој укажа и дека дигиталниот брзиномер на Tatara е замачкан на снимката и дека во замена за тоа се ориентирал според прикажаните телеметриски податоци. По овие споредби беше јасно дека има нешто матно околу целиот случај.

Видеото за неколку денови достигна милионска гледаност и беше споделено исто толку пати по друштвените мрежи. На инстаграм се јави и возачот Оливер Веб, кој исто е Британец и пријател е со Шми150, па дури реагираа и од SSC.

По сите споредби и пресметки, Шми150 заклучи дека Tuatara постигнал „само“ 280 милји на час, односно околу 450 km/h. Прочуениот јутјубер повеќепати укажа на можноста да е направена грешка при обработката на видеото, поради што телеметриските податоци не се совпаѓаат со позицијата на возилото во моментот.

Во првото соопштение, SSC објави дека австрискиот производител на мерна опрема Dewetron го признал рекордот од 532,93 km/h. Но, оттаму уште во истиот ден пристигна демант, дека Dewetron ниту го потврдува, ниту го порекнува рекордот, затоа што на местото немало претставник од компанијата. По два дена се јавија од SSC и признаа дека има грешка во монтирањето на телеметриските податоци и видеото.

Како што растеа сомнежите, така се јави и основачот на компанијата Џерод Шелби со емотивна видео порака, со којашто најави дека ќе го повтори возењето. Овојпат ќе се користат повеќе GPS-уреди и претставници од проиводителот. Има и покана за специјален гостин. Шми150 доби покана да присуствува на настанот.

>>> Додека трае најава на дневник Koenigsegg ќе забрза до 400 и ќе запре

Претходна објаваMercedes V-Class единствен ван со пневматска суспензија
Следна објаваVolkswagen Golf R · Моќноста му е во новиот погон на сите тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here