Рекордна продукција во фабриката на Skoda Kodiaq и Superb

Рекордна продукција во фабриката на Skoda Kodiaq и Superb
Рекордна продукција во фабриката на Skoda Kodiaq и Superb

Фабриката на Skoda во Квасини, една од трите фабрики на чешката марка на домашна почва, постигна рекордна продукција лани, со повеќе од 320.000 возила. Во 2019 година се случи уште еден историски момент во фабриката, со стартот на производството на Superb iV, првa Skoda со приклучен хибриден погон. Од септември, досега се произведени повеќе од 2.000 примероци од овој модел.

Во Квасини, покрај знаменосецот Superb и неговата приклучна хибридна изведба iV, се произведуваат уште Kodiaq и Karoq. Во март, од производствените ленти се симна 500.000-от примерок од Superb. Еден месец подоцна, фабриката го усвои „dProduction“, во смисла на дигитална фабрика, во којашто не се користи ниту лист хартија во производствениот процес.

Во јули стартуваше освеженото моделско годиште на знаменосецот Superb, за два месеци подоцна да следи и верзијата со приклучен хибриден погон (plugin-hybrid). Skoda вложи 12 милиони евра во производството на својот прв модел со електрифицирана погонска спрега.

skoda superb domasna premiera

Како водечка фабрика во синџирот на Skoda, во Квасини во исто време се обучуваат и кадри за останатите фабрики. Досега повеќе од 6.000 вработени во Skoda минале обука во оваа фабрика.

Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition

Претходна објаваПрвиот електричен Cadillac ќе биде голем СУВ и пристига напролет
Следна објаваFocus RS ќе доцни, хибриден погон не му бега

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here