168
22 shares, 168 points

Додека премиум марката на General Motors уште е во еуфорија по претставувањето на новата генерација на Escalade, доаѓа и следната голема вест. Првиот електричен автомобил на Cadillac ќе ја доживее својата премиера многу наскоро.

Правилото дека големите американски автомобили мора да имаат и голем мотор под хаубата повеќе не важи. Тоа се докажа преку успехот на целата моделска гама на калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla, но и со големиот број најави за пикапи со електричен погон од американските компании.

Електричниот погон се пробива сé поубедливо (и) од другата страна на големата бара. Како марка што е длабоко вкоренета во американската култура, Cadillac нема да оддолжува многу со претставувањето на својот автомобил на струја. Постојат гласини дека премиум марката на General Motors ќе претстави голем СУВ со електричен погон веќе напролет. Со тоа ќе се реализира најавата што Cadillac ја направи пред една година, преку концептниот автомобил на салонот во Детроит.

Сериската изведба што ќе се ориентира според концептот од ланскиот салон во Детроит ќе користи сосем нова платформа за електрични возила на General Motors. Од платформата ќе може да се изведат најразлични погонски конфигурации, со погон напред, назад и на сите тркала

Уште неименуваниот модел на Cadillac веројатно ќе биде првиот автомобил кој воопшто ќе ја користи новата платформа. Тоа е голема промена за најамериканската од сите американски марки. Според шефот Стив Карлајл, целта е Cadillac до крајот на деценијата целосно да се збогува од моторите со внатрешно согорување и да се префрли на електричен погон.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

168
22 shares, 168 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *