Спортската круна во гамата на Ford Focus ќе пристигне за неколку години и ќе располага со моќност од 400 КС, во комбинација со погон на сите тркала. Своите екстремни перформанси, Focus RS овојпат ќе ги постигнува со хибриден погон.
Новиот Ford Focus RS ќе пристигне подоцна отколку што се очекуваше и ќе вози со хибриден погон. Веста прв ја објави познатиот британски магазин Autocar, врз основа на информации од вработен во компанијата. Воведувањето електромотор во погонската спрега се должи на строгите норми за издувни гасови. Досега се претпоставуваше дека 2,3-литарскиот EcoBoost ќе се изведе во варијанта на благ хибриден погон. Но, се покажало дека тоа е недоволно да се исполнат строгите норми за СО2, па ќе мора да се користи полн хибриден погон.
Се претпоставува дека инженерите ќе посегнат по 2,5-литарскиот четирицилиндарец од Kuga. Бензинецот ќе испорачува повеќе од 300 КС до предната оска. Дополнителен електромотор на задната оска ќе се погрижи за уште 100 КС, односно за системска моќност од околу 400 КС.
Мало разочарување може да биде фактот што екстремниот спортист во хибридна верзија ќе мора да се комбинира со автоматгски менувач. Повеќе е проблем тоа што поради преоѓањето на друг погонски концепт значително ќе се оддолжи почетокот на продажбата на моделот.
Место годинава, многу е поверојатно дека новиот Focus RS ќе стартува со испорака дури во 2022 или 2023 година. Фановите на RS се навикнати на долга неизвеност. На претходната генерација на екстремниот Focus ѝ беа потребни дури седум години.
















