за

Викендов почнува втората сезона на Twingo Cup

Twingo Cup најава втора сезона
Twingo Cup најава втора сезона

По успешната воведна сезона, Twingo Cup во 2020 година повторно ќе биде во центарот на вниманието на љубителите на високите октани во Македонија. Новата натпреварувачка сезона стартува овој викенд (22-ри и 23-ти февруари) на патеката „Гробник“ во Хрватска.

Осум македонски натпреварувачи, ќе ги тестираат своите квалитети на интернационално ниво: Мартин Делев, Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Емил Нацка, Слободан Трајковски, Иван Стефановски, Владимир Треневски и Мартин Костовски.

На стартната линија на патеката „Гробник“ ќе се појават дури 30 автомобили Twingo, бидејќи покрај нашите натпреварувачи учество ќе земат и натпреварувачи од Estet Twingo Cup и Italian Entry Cup.

Според првичната програма, во сабота на 22-ри февруари) ќе се одржат слободни тренинзи, квалификации и две спринт трки, додека во недела на 23-ти февруари), ќе возат исто така тренинзи и квалификации, како и четиричасовна трка во издржливост.

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги исполни сите безбедносни и брзински норми. За овој куп се планирани 8 трки (4 кружни и 4 ридскобрдски) согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација.

На крајот од секоја сезона, за првите три места се доделуваат парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е целосно електричното возило Renault TWIZY.

Официјалните спонзори на купот се: Аутомотив Груп – официјален импортер на брендот Renault во Македонија, ПСС (Power Sport System), Триглав Осигурување, Шпаркасе Лизинг и компанијата Мотул.

https://www.instagram.com/p/B8vvqA1KlLQ/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford focus rs iv

Focus RS ќе доцни, хибриден погон не му бега

Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020

Тркачката патека е вистинскиот терен за Mercedes-AMG GLE 63 Coupe