за

Škoda Octavia безбедна за пет ѕвезди и според најновите норми

Безбедноста на автомобилите од страна на Euro NCAP се проверува според нови и построги норми, тоа не го промени резултатот на Škoda Octavia.

Конзорциумот Euro NCAP оцени дека Škoda Octavia достигнува 86% од максимумот во заштитата на возрасни патници и 84% во заштитата на деца. Новите норми за проверка на безбедноста на автомобилите ќе важат до 2028 година во ЕУ, Велика Британија и Норвешка.

Škoda Octavia потврди дека со право ги има заслужено петте ѕвезди при тестирањето на безбедноста од независната Euro NCAP. Под новите услови на тестирање, што стапија на важност во почетокот на годинава, бестселерот на чешката марка постигна 81% од максималната заштита, како просек од сите категории на тестот.

Новите и построги норми ќе важат до завршетокот на 2028 година во ЕУ, Велика Британија и Норвешка. Од 2008 година, сите 14 нови модели на Škoda што се најдоа на тестирање, освоија максимална оцена за безбедноста. Octavia го мина тестот веднаш по својата премиера во 2019 година. Во меѓувреме, Euro NCAP воведе нови норми за оценување, и Octavia како еден од најпродаваните модели на европскиот пазар повторно се најде на тест.

Техничарите на Euro NCAP оценија дека Škoda Octavia исполнува 86% од максимумот во поглед на заштитата на возрасни патници и 84% за заштитата на децата. Напредок има и во системите за асистенција што се вградуваат стандардно во секоја Octavia. Во споредба со моделот од 2019 година, сегашната Octavia со овие системи достигнува 81, место 79 проценти од максимумот.

Од летоска е дополнително надградена безбедносната опрема во Škoda Octavia

Примероците од Škoda Octavia произведени по јуни годинава доаѓаат со збогатена безбедносна опрема. Меѓу возачкото и совозачкото седиште се вградува средишна воздушна перница, што се отвора во случај на судир, за да се спречи меѓусебно удирање на телата. Исто така се вградува воздушна перница за колената на возачот.

Системите за асистенција активираат автоматско запирање, за спречување незгода, на пример, на крстосница или кога велосипедист доаѓа од попречен правец. Системот за препознавање замор сега дополнително реагира со звучен сигнал.

До 2019 година, тестирањето при челен судир се вршеше со залетување на возилото со брзина од 64 km/h кон ѕид, со деформабилна пречка пред ѕидот. Од почетокот на 2020 година, подвижна масивна бариера тешка 1.400 килограми се залетува кон возилото со брзина од 50 километри на час, додека возилото во исто време вози со 50 km/h кон бариерата. Покрај тоа, куклата за краш тест на возачкото место потекнува од нова генерација THOR-50M. Со новите кукли се добиваат уште пореални отчитувања на вредностите на напрегањата.

Кај тестот при страничен судир, брзината на бариерата е зголемена од 50 km/h на 60 km/h, а исто и тежината порасна од 1.300 килограми на 1.400 килограми. Со овие промени, возилото е изложено на 55 проценти повисока кинетична енергија.

Тест · Skoda Karoq 2.0 TDI Sportline · Како ловен трофеј, за в гаража место на ѕид

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Енергетска одржливост за успешна електрична мобилност предводена од Порше Македонија

Toyota очекува раст во 2023, инфлацијата ги загрижува