за

Škoda со едно дрво за секој продаден автомобил до милион дрва

Откако ја започна програмата во 2007 година, Škoda вкупно посади 1.000.000 дрва за секој продаден автомобил на домашниот пазар.

Како дел од иницијативата „Еден автомобил, едно дрво“ што ја започна во 2007 година, Škoda денес го посади своето милионито дрво во Млада Болеслав. За секој продаден автомобил во Чешка, фабриката садеше по едно дрво во изминативе 14 години.

Претставници од Škoda Auto, од градот Млада Болеслав и од партнерската фондација, денес присуствуваа на садењето на милионитото дрво. Англискиот даб е посаден во Паркот на тројцата императори во Млада Болеслав. Во следните денови, во истата чест ќе бидат посадени уште неколку видови дрва: Гинко билоба ќе биде 1.000.001-то на иницијативата, во Градината на палатата во Врхлаби, а див костен ќе биде 1.000.002-то дрво и ќе се посади во Солнице, недалеку од фабриката во Квасини.

До крајот на годинава, бројот на дрва посадени на повеќе од 170 локации ќе достигне 1.093.000 растенија. Тие покриваат површина колку 347 фудбалски игралишта, што одговара на 227 хектари нова шума. Во проектот учествуваат 190 партнери од целата земја.

Целиот проект се одвива на тој начин што поднесоците доставени од страна на градовите, општините, непрофитните организации, училиштата, националните паркови и најразлични институции, до партнерската фондација, понатаму се разгледуваат од посебна комисија. Škoda е дел од комисијата и решава на кои барања ќе им се излезе во пресрет. Производителот ги покрива трошоците за садењето, а воедно учествува и со 5% во трошоците за нега и наводнување на дрвата. Од 2017 година, барања можат да достават и дилерите на Škoda, како и сопствениците на возила од чешката марка.

На вебстраницата www.hlaslesa.cz може да се погледнат локациите на коишто се посадени дрва во рамките на иницијативата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Škoda произведе 100.000 возила со електромотор во погонот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Студиски автомобил на Mercedes-Benz од пред 20 години: F 400 Carving

Toyota 2000GT во ‘66 година возеше три дена без престан со 206 km/h просек