Електричниот СУВ на Škoda, со техниката од ID.3 и ID.4, произведен е денес како 100.000-ти автомобил од семејството модели iV на чешкиот производител. Првиот модел од ова семејство беше произведен во фабриката во Квасини, во септември во 2019 година.
Во матичната фабрика на Škoda во Млада Болеслав денес е произведено 100-илјадитото возило од семејството iV. Под ова име, Škoda ги води своите модели што располагаат со приклучен хибриден или целосно електричен погон. Понудата моментно се состои од три модели: Škoda Superb iV и Octavia iV со приклучен хибриден погон, како и целосно електричен СУВ-модел Škoda Enyaq iV.
До 2030 година, Škoda ќе претстави уште најмалку три модели што ќе се движат само на струја. Сите три модели ќе бидат позиционирани под Enyaq iV. Предвидувањата се дека чисто електричните автомобили доготаш ќе имаат удел од 50 до 70 проценти во вкупната продажба на Škoda во Европа.
Првиот iV-модел на Škoda беше Superb iV во септември 2019 година, покрај електричната изведба на градското мини Citigo. Во септември лани стартуваше и СУВ-моделот Enyaq iV, прво целосно електрично возило на чешката марка.
Enyaq iV е достапен со преден или со погон на сите тркала, во пет варијанти на моќност и три варијанти на големина на батерија. Со најголемата батерија, досегот изнесува 520 километри. Покрај погонот на струја, СУВ-моделот во класата на Tiguan се одликува и со исклучителна просторна понуда. Место нивоа на опрема, Škoda во овој модел нуди различни изведби на ентериерот, во поглед на материјалите, боите и деталноста.
Во почетокот на следната година, во Млада Болеслав ќе стартува и сопствено производство на батериски системи за Enyaq iV.
>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија
















