за

Студиски автомобил на Mercedes-Benz од пред 20 години: F 400 Carving

Врвна стабилност во свијоци и уживање во возење беа главните замисли на визионерите на Mercedes-Benz, кога пред точно 20 години го прикажаа F 400 Carving.

Mercedes-Benz честопати бил прв во браншата во примената на нови идеи и изуми, а тоа честопати доведувало и до многу радикални возила. Таков пример е студискиот автомобил F 400 Carving, што својата премиера ја имаше на салонот во Токио во октомври 2001 година.

Автомобилската сцена го виде Mercedes-Benz во дотогаш ретко познато светло, кога марката од Штутгарт го претстави својот студиски автомобил пред публиката на салонот во Токио пред 20 години. Јапонскиот салон беше точно избран, затоа што истиот со децении важеше како една од најрадикалните платформи за претставување на новите и најнеобични идеи на автомобилската бранша – сепак тоа е домашен терен на јапонските производители, што пред 20 години ја одушеуваа сцената со своите напредни замисли.

Посебноста на Mercedes-Benz F 400 Carving беше во отклонот на тркалата (нагиб) што се приспособуваше според свијокот и според брзината. Тоа беше голема атракција, автомобил со тркала што во свијоците се наведнуваат на спротивната страна, слично на карвингот што се користи при скијање. Секако дека F 400 Carving денес е дел од постојаната поставка во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт, во делот „Faszination Technik“ (одушевувачка техника).

New item by Automedia MK / Google Photos

Посебен систем го зголемуваше отклонот на тркалата од надворешната страна во свијокот до најмногу 20 степени. Заедно со новодизајнираните гуми со асиметричен профил, се постигнуваа сили на странично забрзување поголеми за 30 проценти во споредба со возилата со обична техника. Инженерите од Mercedes порачуваа дека тоа е подобро за безбедноста, иако повеќето ги привлекуваше токму спротивното, да влезат во свијок и да почувствуваат што значи за 30% поголема странична сила.

Со активното приспособување на отклонот, Mercedes F 400 Carving постигнуваше максимално странично забрзување од 1,28 g, што беше за 28 проценти подобро од тогашните спортски возила

Можноста за отклонот на тркалата да се зголеми за миг, на пример при опасност од излетување од свијок, значеше и можност за тогаш уште новиот систем за контрола на стабилноста ESP да изврши поагресивни зафати во сопирачките. Покрај тоа, со истовремено максимално отклонување на сите четири тркала, патот на сопирање од 100 km/h се скусуваше за пет метри.

Техничарите во Штутгарт извршија цела серија тестирања со F 400 Carving пред 20 години. Двоседот располагаше со управување и сопирачки во коишто се користеа електрични, место механички врски – тогаш малкумина веруваа дека техниката навистина функционира така, Mercedes зборуваше за „drive by wire“.

New item by Automedia MK / Google Photos

Уште една важна техника се испобуваше во „Carving“. Тоа е денешниот Active Body Control (ABC), со активна хидропневматика. Нова техника беа и ксенонските светилки, чијашто светлина преку оптички влакна се пренесуваше до самите светла. Трепкачите користеа светлечки диоди и „леќи“ во форма на призма. Место 12-волтна техника, возилото користеше четирипати повисок напон за напојување на потрошувачите.

Составот на каросеријата исто така беше сензација – карбон, во комбинација со школка од челик, алуминиум и повторно карбон. Тоа што изгледаше нереално во Mercedes-Benz F 400 Carving во 2001 година, денес во огромна мера е стандардна техника што се вградува во возилата.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Mercedes E-Class веќе вози на струја: EQE по пример на EQS

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi и Mercedes најдизајнерски марки според читателите на Auto Motor und Sport

Škoda со едно дрво за секој продаден автомобил до милион дрва