Mercedes и Audi се победниците во autonis, избор на читателите на германскиот магазин Auto Motor und Sport. Двете премиум марки освоија по три награди.
Вкупно 14.326 читателки и читатели на печатеното и онлајн-изданието на Auto Motor und Sport (AMS) дадоа глас во изборот. Овој единствен избор што се одржува во германското говорно подрачје и ги избира новитетите со најдобар дизајн, се одржа по 21-ви пат. Читателите гласаа за најважните 117 модели што биле претставени во последните дванаесет месеци. Се гласаше и за најдобар дизајн на ентериер и дизајнерска марка на годината, во конкуренција на 44 марки.
Mercedes победи во двете посебни категории, со 11,8 проценти од гласовите за „Дизајнерска марка на годината“, со предност од само 0,4 процентни бодови пред Audi (11,4%). BMW следи со 10,5 проценти. Затоа, во внатрешноста јасно води Mercedes, со 24,5 проценти, пред Audi со 15 проценти и BMW со 14,3 проценти од гласовите.

На врвната сцена на автомобилскиот дизајн имаме македонски дизајнер, Славче Таневски летово одбележа десетгодишнина од својата работа во Mercedes-Benz и воедно го претстави од него дизајнираниот електричен Concept Mercedes-Maybach EQS, што наскоро ќе се произведува во две варијанти
Од вкупно 10 категории на возила, Audi ја освои наградата autonis во три категории, повеќе од која било друга марка. Инголштат победи во категоријата „виша класа“ со електричниот E-Tron GT (25,0 бодови). Во категоријата на компактни теренски и СУВ возила се докажа електричниот Q4 E-Tron (15,4 бодови), а третата победа ја постигна E-Tron Sportback со 13,0 бодови за исто така електричниот E-Tron Sportback (13,0 бодови), во категоријата на големи СУВ и теренци. Mercedes победи во средната класа со новата генерација на C-Class со убедливо водство со 25,3 бодови.
VW освои две награди за дизајн. Едната му припадна на Golf R за категоријата на „компактни возила” (25,4 бодови), втората е за новиот Multivan во категоријата „Ванови” (41,1 бодови). Пријатно изненадување е новата Skoda Fabia што победи меѓу „градските возила“ со голема предност од 25,8 бодови, наспроти Mini со 20,4 бодови. Читателите воедно даваат и негативни бодови. За дизајнот на британското мини дале негативен глас повеќе читатели (16,7%), отколку за Fabia.
Посебноста на autonis е во тоа што се гласа за два најдобри, но и за два најлоши дизајни. За победникот решава кога од вкупниот број на гласови ќе се одземат негативните гласови
Чудно е тоа што Toyota Yaris GR е класифицирана како мини-автомобил, но поважно е тоа што чистокрвниот спортски модел победи со голема предност и 39,3 бодови. Уште поубедливи се победите во две посебно емотивни категории: Меѓу кабриолетите беше најдобар Ferrari Portofino M (41,0 бодови), а најголемата предност во целиот избор ја постигна победникот во категоријата на спортски автомобили, Porsche 911 GT3, со 42,4 бодови.
Audi Skysphere Concept

Audi E-Tron GT

Audi Q4 E-tron Sportback
Audi e-tron Sportback

Mercedes-Benz C-Class во салонот на Мак Аутостар

Volkswagen Golf R

Volkswagen Multivan

Skoda Fabia

Toyota Yaris GR

Ferrari Portofino

Porsche 911 GT3


















