Не е сензација кога Peugeot е најпродавана марка во Франција или кога Peugeot 208 е меѓу најпродаваните модели во сегментот во Европа. Но, затоа е блиску до сензација веста дека компактниот СУВ модел на Французите освоил титула на автомобил на годината во Јужна Африка.
Peugeot 2008 за жирито на изборот за автомобил на годината во Јужна Африка во финалето беше поубедлив од автомобилот што светот го поврзува повеќе со континентот, со Toyota Hilux, но и од автомобилот од марката што со децении произведува во Јужна Африка, од серијата 4 на BMW.
СУВ-варијантата со техника од Peugeot 208 ги имаше за противници Hyundai Creta, Toyota Corolla Sedan, Volkswagen T-Roc, Kia Seltos и Mazda CX-30, како семејни модели од компакт класата.
По повод титулата, од Париз посочуваат дека нивниот Peugeot 2008 им овозможува на семејствата да побегнат од секојдневното и ги следи во чекор луѓето што имаат посебен животен стил. Французите се горди и на напредната технологија, на штедливите мотори и на динамичниот и привлечен изглед. Целиот тој пакет придонел Peugeot 2008 да ја понесе титулата на Автомобил за 2021 година во Јужна Африка.
Претседателот на изборот, Карл Вепенер, цени дека „Новиот 2008 е смарагдот во круната на Автомобилот на годината“
Во сличен тон продолжува и Лесли Рамсомар, директор на Stellantis за Јужна Африка: „Секако дека сме горди за признанието од Јужноафриканското Здружение на автомобилски новинари за нашиот возбудлив Peugeot 2008 SUV. Убедени сме дека автомобилот го заслужува тоа. Моделот е прифатен одлично и горди сме на резултатите што ги постигнуваме, благодарение на силните напори од Stellantis и од дилерите.“
Трилинг на Peugeot 2008 SUV: Победник во категорија на семејни компакти, Титула на автомобил на 2021 година во Јужна Африка и Награда за исклучителност
https://photos.app.goo.gl/R8yPtYrpJxAHg2m3A
Peugeot моментно го бележи највисокиот пазарен удел на пазарот во Јужна Африка во последните пет години, со двојно зголемување на уделот во првото полугодие во споредба со истиот период лани. Во земјата на југот на Африка се нудат новите Peugeot 208, 2008, 3008 и 5008.
https://photos.app.goo.gl/rNfZiES6mnnhVWcq7
Во последните 18 месеци се отворија повеќе од 15 нови дилерства за Peugeot. Големи се очекувањата од претстојниот старт на продажбата на еднотонскиот пикап Landtrek. Тоа е возило што наследува исклучителна традиција на марката со лавот во земјата, којашто меѓу другото го вклучува и Peugeot 504 Pickup.
>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

















