за

Новата Škoda Fabia ќе биде „октавија“ во својата класа

Во 22-та година откако ја замени Felicia, Fabia се подготвува за појавување во својата четврта генерација. Конструирана врз платформата MQB-A0, новата Škoda Fabia ќе попросторна и поштедлива.

Новата Škoda Fabia ќе биде „октавија“ во својата класа

Škoda ја најавува новата Fabia како модел со впечатлив дизајн, голема кабина, висок комфор и изобилство од системи за асистенција што го прават возењето побезбедно. Тоа доаѓа како надградување на вредностите со кои чешкиот модел се докажуваше досега, односно со изржливост, практичност, безбедност, комфор и динамика.

Првиот збор при најавувањето на новата генерација на Škoda Fabia му припаѓа на Јоханес Хефт, директор за технички развој: „Со нагласениот емотивен дизајн, новата Fabia е вистинска Škoda од прв поглед. Во споредба со претходничката, значително го подобривме ентериерот, со високо ниво на комфопр, напредни инфо-забавни системи и иновативни системи за асистенција.“ На тоа се придружуваат повеќе простор во кабината, штедливи и моќно мотори и одлични возни својства. „Нашиот нов основен модел има сé што сакате од модерен мал автомобил – и повеќе“, додава Нефт.

Диодни светла ќе бидат стандард во секоја Fabia, како опција ќе може да се изберат и диодни задни светла. Во кабината може да се очекуваат истите пристапи кои направија Octavia да создава многу попросторен впечаток. Кокпитот се опишува дека има симетрична форма, класичн со дисплеј во средината. Украсни лајсни со најразличен финиш ќе го нагласуваат впечатокот за ширина на кабината. Дигитални инструменти ќе се вградуват првпат во моделот. Најавени се трите познати нивоа на опрема, Active, Ambition и Style.

New item by Automedia MK / Google Photos

Главните димензии на новата Škoda Fabia:

Должина [mm] 4,107

Ширина [mm] 1,780

Висина [mm] 1,460

Меѓуоскино растојание [mm] 2,564

Ширина на трага напред [mm] 1,525

Ширина на трага назад [mm] 1,509

Багажник [l] 380

– со соборена задна клупа [l] 1,190

New item by Automedia MK / Google Photos

Два мотори MPI и три мотори TSI

Понудата ќе вклучува пет бензински мотори, од 64 КС до 150 КС. Многу поширокиот дијапазон на моќност укажува дека Чесите сепак се особено сериозни околу динамиката што ја најавуваат за новата Fabia. Сите мотори се од Evo-генерацијата, со потрошувачка од околу пет литри во реален циклус. Како опција ќе се нуди резервоар од 50 литри, место 40 литри, со што и досегот ќе изнесува близу 1.000 километри. Новина е моторот 1.5 TSI со 150 КС, стандардно со 7-степен DSG.

Во споредба со претходникот, коефициентот на отпор на воздух е смален од 0,32 на 0,28. Тоа значи дека Fabia ќе биде најаеродинамичен модел во класата. Има и активни зафати за аеродинамичноста, на пример ламелите во долниот отвор за воздух се затвораат кога се вози со повисока брзина.

Секако дека нема да недостигат идеите Simply Clever. Шампионите во иновирање смислија 13 нови решенија кои ја унапредуваат практичноста на автомобилот. Новата Škoda Fabia располага со вкупно 43 решенија Simply Clever.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Тјунирана Škoda Scala со 190 КС во серија од 500 примероци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini 5 door

Mini со 5 врати достигна половина милион, од март доаѓа подновен

Tesla нема шанси против овој автомобил